Децата не можат да се измамат со лажни емоции

Возрасните често пати се обидуваат да наместат среќно лице за да ги заштитат децата за да не се вознемират од некое негативно искуство. Но бебињата веќе од 18 месеци ја знаат вистината. Уште на 18 месеци тие експлицитно можат да разберат која емоција оди заедно со која случка.

Професорката по психологија Diane Poulin-Dubois, вели дека не можеме да ги излажеме децата да поверуваат дека нешто болно резултира во задоволство.

Децата уште на 18 месеци препознаваат кога покажаните емоции не одговараат со случувањето.

За да ја провери својата теорија професорката регрутирала 92 бебиња на возраст од 15-18 месеци и во лабораториски услови им овозможила да гледаат актер низ неколку сценарија, каде емотивните реакции биле во склад или во спротивност со изглуменото искуство.

Во едно сценарио децата гледале како човек прави тажно лице кога му се дава играчка, а во друго сценарио како покажува болка откако изглумил дека си го повредил прстот.

15 месечните бебиња не покажале значителна разлика во реагирањето на двете случки, иако тие покажувале емпатија кон лицето кое правело тажно лице. Ова покажува дека поврзаноста помеѓу изразот на лицето и емотивното искуство кај нив тек треба да се развие.

Но, 18 месечните бебиња јасно разбрале дека изразот на лицето не одговарал на она што се случувало. Тие почесто погледнувале во нивниот старател за да можат да ја потвдат информацијата од проверен извор.

Тие исто така покажале емпатија кон личноста, како и помалите бебиња, но само ако тажното лице било оправдано.

Не можеме да ги излажеме


Сега истражувачите се обидуваат да дознаат дали изложеноста на децата на емотивно нестабилна личност, ќе има влијание врз нивната спремност да и помогнат или да учат од таа личност.