Чудо: Бебе родено 364 грама со помалку од 1% шанси дека ќе преживее си заминува дома силно
Naomi Bakker се родила 15 недели предвреме, а на родителите им кажале дека шансите да преживее без компликации се помали од 1%. После 5 месеци борба малото девојче било спремно да ја напушти болницата.
Кога Ангела - мајката на Наоми била во 25-та недела од бременоста ултразвукот покажал дека бебето е премногу мало за гестациската возраст и дека не прима доволно храна преку плацентата бидејки не е доволно развиена. Лекарот на скршените родители им кажал дека таа најверојатно ќе почине во матката.
Парот решил да побара второ мислење на Универзитетот на Калифорнија, каде стручњаците ја потврдиле дијгнозата и им кажале дека имаат опција да ја прекинат бременоста, на што родителите не се согласиле. Тие велат дека решиле дека ако нивната ќерка почине, тоа да се случи во нејзино време.
Само една недела подоцна Ангела била примена во болница со прееклампсија и итно бил извршен царски рез. Лекарите не очекувале дека бебето ќе преживее, но се согласиле да се обидат да му помогнат ако се случи тоа.
Кога се родила Наоми тежела само 364 грама и бидејки била толку мала очните капаци сеуште и биле составени. Таа имала големина на бебе во 19-та гестациска седмица. Според лекарите за бебето да има шанси да преживее треба да тежи барем 450 грама.
Малата Наоми го восхитила лекарите со нејзиниот напредок. Прво имала 2 операции за да се поправи дупка во нејзините црева, но раната заздравела без никакви проблеми. Потоа лекарите се плашеле дека ќе има крварење во мозокот и и дале лекарства за тоа, но тој проблем никогаш не се јавил. Иако таа има хронична болест на белите дробови, лекарите сметаат дека таа ќе исчезне додека да наполни 2 години.
Наоми стасала дома за Денот на благодарноста, а нејзиниот напредок постојано се следи.
Ангела вели:
Тоа беше такво големо патешествие, но засега има добар крај. Овие бебиња не добиваат шанса да преживеат бидејки родителите ја прекинуваат бременоста во голем број случаи. Не беше лесно. Беше тешко и ни се кинеше срцето, секој ден се прашувате дали вашето бебе ќе живее. Ова што се случи беше шок, но нашата вера и доверба дека без разлика на се, се ќе се среди имаше голема улога во се.