Чудото четворка се роди

Парот од Јута после 8 години борба со неплодност и ин витро, кое земало сосема неочекуван правец ги дочека своите 4 бебиња. Во стомакот на Ешли лекарите вратиле 2 ембриони. Едниот вратен ембрион лекарите го опишале како совршен, а другиот како добар. Она што никој не го очекувал, било дека двата ембриони ќе се поделат и сите четири успешно ќе се имплантираат.

изненадени од ултразвукот



Ешли вели дека ова веројатно им била последна шанса, немала јајце клетки за замрзнување и затоа лекарите ги вратиле двата ембриона - за да ги зголемат шансите за успех.

Во Октомври се открило дека едниот пар близнаци има близначки трансфузиски синдром, што може да биде опасно за бебињата. Ешли поминала низ операција за да се корегира проблемот и лекарите ја ставиле на лекарства за да се спречат можни предвремени контракции.

На Божик (25 Декември) Ешли влегла во 29 недела. Само после неколку дена таа добила контракции, кои не можеле да се сопрат. Со царски рез на свет дошле четирите бебиња: Инди (која тежела нешто помалку од 900 грама) и другите три девојчиња: Есме, Скарлет и Евангелина, кои биле потешки од 900 грама.

Бебињата и мајката засега се наоѓаат во добра состојба.

Нека се живи и здрави сите и честитки за родителите!!!

мајката со едно од бебиња

Designed by Antsin.com