Вести: Дете вратено во живот 1 час по престанокот на работата на срцето
Gore Otteson бил под смрзнувачки ладната вода во канал за наводнување, 20 минути пред да биде пронајден. Веднаш му била пружена прва помош, но неговото срце не чукало речиси уште половина час.
Лекарите им кажале на родителите дека има помалку од 1% шанси дека ќе има било каква функција на мозокот. Тие немаат никакво објаснување за опоравувањето на Гор и велат дека се работи за чудо.
Драмата почнала на 6-ти јули годинава. Додека неговата мајка (Ејми) ги извадила од бањата неговото братче и сестриче, 21- месечниот Гор истрчал од куќата.
Мајката почнала испаничено да вика по него и да го бара. Во потрагата се вклучиле уште 20 роднини и соседи.
По 20 минути барање, еден братучед го пронашол безживотното тело на детето во каналот за наводнување, заглавено под дрво.
Дедото на Гор кој е пензиониран ортопед-хирург и братучетката медицинска сестра веднаш почнале да му даваат вештачко дишење. Набрзо стасала и брзата помош, но срцето на Гор почнало да чука дури 15 минути откако бил примен во болница. Гор суштнински бил мртов цели 55 минути.
Ејми вели:
Откако го снема, знаев дека ќе биде лошо затоа што помина долго време додека го пронајдовме.
Се сеќавам дека татко ми им го предаде Гор на луѓето од итната помош и го ставија во колата.
Лежев немо на подот на амбулантната кола.
Слушнав еден збор додека се возевме, тоа беше зборот "систола". Си помислив во себе, сум го слушнала зборот во медицински програми, тоа значи дека неговото срце не чука.
Кога стасавме во болницата продолжив да ги прашувам луѓето како е Гор, тогаш наеднаш ми рекоа дека срцето почнало да чука, не можев да верувам во она што го слушав.
Покасно прашавме по колку време се случило тоа и ни рекоа дека поминале 15 минути, тоа значеше дека срцето почнало да чука повторно по 50-55 минути откако паднал во водата.
Кога лекарите го оживеале Гор имал слаба реакција на зеницие и крвта му била закиселена, што значи не била во состојба да одржува живот.
Лекарите стравувале дека мозокот на Гор е мртов и било известено Националното здружение за донори на органи. Тогаш сестрата приметила дека малку мрднал со раката и лекарите решиле да се обидат со контроверзниот хипотермичен третман.
Третманот вклучувал ладење на телото на 32 степни целзиусови, за време од 48 часа, со цел да се минимизира активноста на мозокот и да му се даде време да се обнови.
Родителите за тоа време минеле низ агонија, но спротивно на сите шанси, температурата на Гор почнала да се качува и тој се разбудил. Следниот ден покажал знаци. дека е гладен.
Наредните скенирања покажале дека нема абнормалности на мозокот. Во болницата Гор одел на физиотерапија и часови по говор.
На втори август бил отпуштен. Денес е целосно закрепнат.
Гор со родителите по закрепнувањето
Ејми вели:
Знаеме дека тој ден Бог беше таму. Ако не беше така, Гор немаше да биде тука.
Докторите ни рекоа дека кога ќе се разбуди треба да видиме волно движење, а тоа се случи речиси веднаш.
Покасно во собата влегоа лекари и сестри и велеа: Слушнав за случајов, ама морав да видам со свои очи.
Му благодарам на медицинскиот персонал за огромната помош во враќањето на нашиот син од мртвите.
Таткото на Гор вели дека тој е истото дете од пред несреќата.
Базирано на првиот ден од физиотерапијата, ако ни речеа дека за 3 седмици ќе биде пуштен дома немаше да веруваме.
Др. Roger Sherman вели дека кај цицачите особено кај младите, ладната вода го успорува чукањето на срцето и може да направи еден вид хибернација. Она што се случи со детето е фасцинирачко.
Дедото на Гор вели дека во неговите 35 години работен стаж никогаш не видел такво вчудоневидувачко закрепнување како кај Гор. Кога некој бил во вода, шансите дека ќе го повратите се никакви, а ако успеете во тоа мозокот ќе биде мртов.
Кога го предадов што се однесуваше до мене, тој веќе беше мртов.
По несреќата, членовите на семејството ставиле жичана ограда околку каналот и крст на местото каде што Гор бил спасен.
- Доењето е најдобро и за развој на мозокот
- Недостатокот од Ц витамин во раната бременост штетно влијае врз развојот на мозокот кај потомството, покажа студија врз морски прасиња
- Татковството може да помогне да се променат лошите навики на мажот
- Абортусот го зголемува ризикот од проблеми со менталното здравје на жените за 81%
- Намалувањето на тежината го намалува ризикот за компликации во бременоста

