Единствено мајката верувала и била во право за своето бебе родено во 23-та седмица
Social Buttons
Мајката Мари Мејси (42) почнала да се пораѓа 4 месеци пред време. Таа дури во очај се прашувала дали нешто ќе помогне ако ги држи нозете вкрстени. Бебето тежело 425 гр, а тоа е помалку од векна леб.
Таа вели:
Не веруваа дека ќе преживее, но јас знаев дека ќе биде така. Едноставно само знаев.
Ден пред да се породи таа не се чувстувала добро и решила да не замине на работа. Била во 23 недела од бременоста и следниот ден планирала нормално да продолжи со својата работа. Но додека се возела во возот до работното место, чувстувала дека нешто не е во ред. Дури сакала да му рече на кондуктерот да го запрат возот, но не сакала другите луѓе да задоцнат на работа. Си рекла сама на себе дека ќе издржи уште 30 минути.

Фејт е како и секое друго бебе
Кога стасала во банката каде што била вработена, седнала на својот стол и го погалила стомакот. Тогаш една колешка се свртела кон неа и рекла: Мислам дека се пораѓаш и и кажала дека има изглед како жените кои се пораѓаат.
Мари не сакала да поверува. Му се јавила на својот лекар, кој и препрачал веднаш да појде во болница. За кратко време лежела на болнички кревет и ја прегледале со ултразвук. Тогаш се почнало да се движи со брзо темпо.
Сестрата се обидела да ја смири и рекла да се опушти и дека ќе се врати наскоро.
Неколку минути подоцна собата се наполнила со лекари, кои и кажале дека бебето е наместено за породување. И дале лекарства за да го запрат породувањето, но немале ефект.
Откако се породила и го бакнала бебето, лекарите и кажале на Мари дека бебињата кои се раѓаат во 23 недела, ретко преживуваат и ако преживеат имаат ризик за детска парализа, оштетување на мозокот и други компликации, листот продолжувал понатаму.
Лежев таму и им повторував: Таа ќе биде добро, таа ќе биде добро. Не се грижете.
Тие рекоа:
Но, Г-ѓо Мејси не разбирате. Тука нема шанси.
Но, Мари смирено им рекла на лекарите да му дадат на бебето кислород, стероиди и друго што би можело да и помогне.
Таа се сеќава дека ноќта пред да почне породувањето сонила сон, во кој Бог и рекол дека ќе се погрижи за нејзината ќерка, но дека таа ќе треба да има "вера".
Мари својата ќерка ја крстила Фејт или Вера.
Неонатологот од болницата вели дека Фејт била најмалото бебе кое некогаш го видел и дека имало толку многу работи кои биле против неа. Била родена толку рано заради инфекција на плацентата на Мари.
Обично кога се заканува предвремено породување на мајките им се даваат стероди за побрзо да созреат белите дробови на бебето, во во случајот на Фејт немало ни време за тоа. Лекарот вели дека само што почнале да разговаараат со мајката, се почнало да се одвива толку брзо.
Следното утре Мари се симнала во одделот за Неонатологија за да го види своето девојче и покрај тоа што не можела да го земе во раце. Таа вели дека Фејт била црвена, со провидна, неразвиена кожа, а била во инкубатор и дишела со помош на машина.
Неколку дена подоцна Мари си заминала дома, но Фејт останала во болница уште речиси 4 месеци.
Среќната мајка вели за Фејт:
Таа се смее како луда. Таа само е едно среќно бебе. Ако и прозборите веднаш се насмевнува.
Неонатологот го опишува денот кога Фејт ја напуштила болницата:
Тоа беше толку среќен ден за мене, за сите кои се грижеа за неа. Ја гледавме толку мала, а потоа ја гледавме како изгледа како и секое нормално бебе, како ништо да не и се случило. Сите што се грижеа за неа се изненадија од тоа колку беше силна.




