Полицаец наместо да и напише казна на млада мајка и купил автоседиште за детето

Social Buttons

полицаецот и мајката

Кога младата жена била запрена од полицаецот, наместо да ја добие очекуваната казна, таа се соочила со толку потребното сочувство и великодушност од негова страна.

Полицаецот Бен Хал од Мичиген, додека патролирал на должност, заради прекршок на сообраќајните правила го запрел возилото на Алексис Делоренцо. Додека тој разговарал со неа приметил дека нејзното дете седи на задното седиште од возилото без автоседиште. Таа му објаснила дека не може да си дозволи да купи автоседиште.

Наместо да и напише казна, тие влегле во блиската продавница и тој и купил потполно ново автоседиште.

Алексис вели:

Полицаецот едноставно можеше само да ми напише казна и да ме вовлече во уште поголема невојла, но тој од добрината на наговото срце и од неговиот сопствен џеб направи нешто што јас и моето семејство нема никогаш да го заборавиме.

Младата мајка била во финансиски потешкотии, откако летото нејзиниот вереник ја загубил работата и му бил дијагностициран рак. Кога полицаецот ја сопрел, ја сослушал и сфатил дека најдобар план за акција ќе биде да не и напише казна на младата мајка, туку да ја осигура безбедноста на детето.

Тој објаснува:

Таа ми кажа дека се наоѓа во тешка ситуација. Знаев дека пишувањето на казна нема да го реши проблемот. Најважната работа која ја сакав беше да му дадам на детето безбедно седиште, а пишувањето на казна немаше да го реши тоа.

Алексис вели дека секогаш ќе му биде благодарна, но тој вели дека тоа не била тешка одлука:

Тоа за мене беа најлесно потрошените 50 долари. Тоа е нешто што секој би го направил во истата ситуација.

Designed by Antsin.com