Адел - како една од нас

Social Buttons

Кога се работи за изгледот на сцена, Адел навистина знае да биде гламурозна. Но, по улиците на Лондон со своето синче таа изгледа како и секоја мајка.

Облечена во хеланки, патики, со неуредно собрана коса, без никаква шминка, Адел едвам е препознатлива.

Таа била во луксузен салон за мебел, а вработен изјави дека речиси не ја препознал.

Како и секоја мајка

Таа и досега во јавноста не сакаше да објавува никакви детали за своето синче, па дури не го објави ниту неговото име и си ја чува приватноста како најголема тајна. Имаше шпекулации дека се вика Анџело Џејмс заради приврзок со тоа име кој го носеше Адел, но тоа се само шпекулации. А на крај на краишта секоја мајка знае што е најдобро за своето дете.

Гламурозната Адел на сцена

Разни 

Познати
Designed by Antsin.com