Супа од коски - вистински еликсир за здравјето на вашето семејство
Традиционалната супа од коски со модерното живеење го има загубено своето место, но денес повторно е актуелна заради непроценливите здравствени придобивки.
- Супата од коски помага во исцелување на стомакот и обвивката на цревата и ја помага здравата дигестија на храна. Желатинот кој се наоѓа во супата од коски е хидрофилен колоид, кој ги задржува течностите, вклучително и дигестивните сокови и така ја помага обработката на храна.
- Одамна се знае дека пилешката супа помага кај настинки и вируси. Тоа е докажано и во научна студија пред една деценија.
- Ја намалува болката и воспалението на зглобовите. Ова својство на супата од коски доаѓа од присуството на глукоаминогликани, како гликозамин, хондроитин сулфат итн., кои се екстрахираат од рскавиците на коските додека се варат.
- Супата од коски го намалува воспалението. Аминокиселините глицин, пролин и аргинин имаат против воспалително дејство. Аргининот се покажало дека е особено добар за третман на сепса.
- Глицинот има смирувачко дејство, па помага да спиете подобро. а особено e важен бидејки има многу важна улога во детоксификација на црниот дроб.
- Супата од коски помага да имате здрави и силни коски. Таа содржи извесна количина на калциум, магнезиум и многу други минерали, кои играат важна улога во изградба на коските. Но уште поголема улога игра тоа што супата од коски е пребогата со колаген.
- Помага да имате здрави и црвсти нокти, коса и кожа. Ова е заради голема количина на присутни колагени.
- Супата од коски е хранлив и богат извор на протеини.
Како да подготвите супа од коски
Подготовката на супа од коски е многу едноставна. Потребни ви се коски: најдобро е говедски, но супата можете да ја направите и со пилешки коски. Гледајте коските да бидат со повеќе рскавици, бидејки желатинот се добива толму од рскавиците.
1. За супата да има подобар вкус, намачкајте ги коските со масло и печете ги во рерна на темепратура од 220 степени, околу 1 час. Овој чекор не е задолжителен.
2. Потоа ставете ги коските во тенџере со вода колку да ги покрие. Ставете 2 лажици оцет, кој ќе помогне да се екстрахираат минералите од коските и да преминат во течноста.
3. Водата со коските нека зоврие, а потоа намалете го оганот. Многу важно е да не дозволите да врие силно, ниту да клокоти, туку да се крчка, да можете повремено да видите по некое меурче.
4. Супата од пилешки коски потребно да се вари барем 12 часа, а уште подобро 24 часа, а од говедски коски 48-72 часа.
5. Готовата супа ја оставате да се подизлади, ја процедувате и ја ставате во фрижидер. По неколку часа на површината ќе биде стврдата маснотијата - неа извадете ја, а течноста под неа треба да биде желатинизирана.
Ако супата не се желатинизира можеби сте ставиле повеќе вода или пак се варела на повисока температура и вриела. Во секој случај минералите ќе бидат во неа, а вие ќе имате еликсир за вашето здравје.
Супата кога ќе ја ставите да се стопли повторно ќе добие течна форма. Можете да ставите внатре разни зеленчуци за да добиете вкусен оброк или пак да земате од неа и да ставате во разни јадења, изборот е ваш. Многу луѓе ја пијат таква каква што е.
Најдобар начин да направите супа од коски е да користите тенџере за бавно готвење, но можете да ја подготвите и на обична рингла.