Како да подготвите златно млеко
Подготовката на златно млеко е многу едноставна, а неговите благодети се многубројни.
За да го подготвите златното млеко потребна ви е куркума. Куркумата (турмерик) е едно од најпроучуваните растенија од страна на науката. Потекнува од Индија и е составен дел на зачинот кари. Куркумата заради својата лековитост е позната и како крал на билките.
Стотици научни студии ја потврдуваат нејзината ефикасност против воспалителните болести како артритис, чистење на црниот дроб, стопирање на развојот на малигните клетки на простата, дојка, кожа, бели дробови и дебело црево, го намалува ризикот од дијабетес тип 2, ефикасна е за третирање на респираторни инфекции, настинки итн.
Научна студија покажа дека куркумата е подобар антидепресив од познатиот прозак, без неговите штетни нус појави.
Повеќе за студиите на куркумата можете на прочитате тука:
Куркумата со својата ефикасност надминува многу фармацевтски третмани
Еден од начините да ја внесете куркумата во вашата исхрана е со едноставна подготовка на така нареченото златно млеко.
Како да подготвите златно млеко
Прво треба да подготвите паста од куркума.
Се зема еден дел куркума и 2 дела вода (нпр 1/4 чаша куркума и 1/2 чаша вода), се вари на тивок оган во времетраење од 8 минути, додека да добие конзистенција на паста. Постојано мешајте за да не загори и ако е потребно додадете вода.
Откако ќе ја сварите пастата можете да додадете црн бибер, бидејки пиперинот од црниот бибер многукратно ја зголемува апсорпцијата и биодостапноста на куркумата во организмот. На 1/4 чаша куркума можете да додадете 1/2-2/3 од кафено лажиче црн бибер. (најдобро е соодносот куркума:бибер да биде 16:1).
Откако ќе се излади пастата од куркума ја ставате во тегла, добро ја затварате и можете да ја чувате во фрижидер 14-18 дена. После тој период треба да ја фрлите.
За да подготвите златно млеко земете 1 лажиче од пастата и сварете го во млеко. Доколку не сакате млеко, можете пијалокот да го подготвите и со млеко од бадеми. Кога малку ќе се подизлади млекото, додадете во него една лажица ладно цедено масло (на пример маслиново, бадемово, кокосово масло и сл.) Млекото можете да го заблажите со мед по вкус.
По желба во млекото можете да додадете цимет и ѓумбир, така уште повеќе ќе го засилите неговото дејство.
Едноставно, а толку корисно за здравјето.