Пилинг за тело од кокосово масло
Social Buttons
Едноставен пилинг, кој ќе ја остави вашата кожа мазна и мека, а воедно ќе ги избегнете хемикалиите од готовите препарати.
Кокосовото масло е познато по благодетите кои ги дава не само кога се консумира, туку е одлично и за кожата.
Подготовка:
Пилингот ќе го направите многу лесно.
Потребно е само да измешате шеќер и кокосово масло во однос 2:1.
Во сад ставете шеќер, а потоа додадете половина од таа количина кокосово масло. Kокосовото масло на пониска температура од 25 степени е во цврста состојба, па можеби ќе треба малку да го загреете.
Можете да капнете и неколку капки од некое есенцијално масло, на пример од лаванда. Маслото од лаванда има смирувачко и антидепресивно дејство.



