10 Природни средства против акни
Social Buttons

Акните можат да бидат многу досадна работа, но за среќа има некои едноставни средства што се многу ефикасни во борбата против нив. Претходно осигурајте се дека акните не ги добивате заради некоја алергија, во тој случај ќе треба да го отраните алергенот. Исто така обратете внимание и на исхраната. Здравата исхрана, богата со непроцесирана храна, многу овошје и зеленчук исто така ќе ви биде од голема корист.
Еве десет одлични средства против акни, а вие одберете го тоа што најдобро ќе ви одговара вас:
1. Сода бикарбона
Изненадувачки, но сода бикарбоната е моќно средство за чистење на кожата. Не само што помага против акните и го намалува воспалението, туку е ексофолијатор и помага да се отстранат мртвите клетки од кожата. Заради тоа сода бикарбоната е добра и за намалување на старите лузни од акни.
Начин на употреба: Земете сода бикарбона и помашајте ја со топла вода за да се направи паста. Нанесете ја на кожата и за почетокот оставете ја да делува неколку минути, а можете да ја оставите и 10-15 минути. После само една утротреба ќе видите голема разлика за вашата кожа. Маската можете да ја користите еднаш до два пати неделно.
2. Јаболков оцет
Ова природно средство има силни антибактериски и антифунгални својства. Употребата е многу едноставна, земете неколку лажици јаболков оцет и измешајте ги со исто толкава количина вода.
3. Кокосово масло
Кокосовото масло исто така има антибактериски и антифунгални својства, а во исто време е нежно и многу ефикасно за навлажнување на кожата. Помага во борба против бактериите и го намалува црвенилото. Нанесете го на вашето лице и масирајте. Ќе нема потреба да користите други навлажнувачи за лице затоа што е толку ефикасно, а и не ги затвора порите на кожата.
4. Масло од чајно дрво
Маслото од чајно дрво со неговото силно антибактериско дејство може да биде моќно природно средство против акни. За да го нанесете, измешајте малку масло со исто толку вода и со памук натопете го лицето. Можете да го нанесете повеќе пати во текот на денот.
5. Белка од јајце
Белката од јајце ја намалува мрснотијата на кожата и порите, извлекувајки ги нечистотиите. Само одвојте ја белката од жолчката и со памук нанесете од белката на лицето. Маската можете да ја оставите да делува десетина минути до еден час. После тоа вашата кожа ќе има блескав сјај. Оваа маска не ја употребувајте ако имате сува кожа.
6. Сок од лимон
Лимонот природно има антибактериски и адстрингентни својства, кои помагаат за чистење на кожата. Нанесете сок од лимон на кожата и оставете го да стои 15 минути до еден час.
7. Лук
Лукот не само што има одлични природни антибактериски својства кога се јаде, туку исто така делува и кога се користи површински. Земете чешне лук и исечете го тенки парчиња, потоа со нив истријте ја кожата, особено проблематичните делови. Сокот од лук можете да го оставите на лицето 15-30 минути.
8. Коцки мраз
Истријте ги проблематичните делови на лицето со коцки мраз. Тоа ќе го намали воспалението и ќе ги затвори порите, а иститот ефект можете да го постигнете ако го исплискате лицето со студена вода.
9. Палента
Палентата има смирувачки и нежни својства. Таа е одлично природно средство против акни кога имате црвенило или иритација. Можете маската од палента да ја оставите на лицето преку ноќ, а изутрината ќе видите голема разлика.
10. Алое вера
Алоето има многу нежно смирувачко дејство. Нанесете го гелот од алое на лицето со прсти, неколку пати во текот на денот.


