Сезонски алегрии, симптоми на сезознски алергии и помош

сезонски алергии

Сезонските алергии се во полн ек. Можеби вашето дете "настинува" секоја година во исто време, кивање, затнатост, растечен нос - симпомтоми кои се поврзани со временските промени. Симптомите на алергиите и настинките се доста слични, но ако се јавуваат секогаш во истиот временски период има голема веројатност дека се разботи за сезонска алергија.

Сезонските алергии имаат симптоми кои се јавуваат во исто време во текот на годината, обично кога мувлите ќе почнат да ги испуштаат спорите или пак дрвјата и тревите да цветаат и испуштаат полен.

Имунолошкиот систем на алергичните луѓе овие материи, кои се целосно безопасни ги смета за напаѓачи и превзема напад против нив. Како резултат на нападот од имунолошкиот систем и ослободувањето на хемикалии во телото (како хистаминот) се јавуваат и непријатните алергиски реакции.

Луѓето можат да бидат алергични на еден или повеќе видови на полен и мувла и симптомите ќе се јават во она време од годината кога на пример цвета липата - доколку се алергични на полен од липа итн. Сезонските алергии обично се во полн ек од пролет, па се до некаде Октомври месец.

Алергиите можат да се јават и кај деца, кои претходно ги немале. Најчесто се јавуваат до 10 годишна возраст, а врвот го достигнуваат во раните дваесетти години. Често може да се случи подоцна да исчезнат.


Симптоми и знаци на сезонски алергии


Ако детето "настинува" секоја година во исто време сосема е веројатно дека се работи за алергија. Алергиските симптоми обично се јавуваат нагло и траат се додека личноста е изложена на одредениот алерген - односно на материјата која ја предизвикува алергијата. Симптомите можат да вклучуваат:

  • Кивање
  • Чешање на носот и грлото
  • Затнатост на носот
  • Растечен нос, со бистра течност
  • Кашлање


Симптомите често пати се придружени со чешање на очите или солзење и нивно црвенило - уште познато како алергиски коњуктивитис. Ако постои свирење на белите дробови и краток здив како дополнение на претходните симптоми, можеби алергијата преминала во астма.


Дијагностицирање на сезонските алергии


Сезонските алергии лесно се дијагностицираат. Разговор со лекарот за симптомите и тест преку крв или преку кожата ќе ја дадат точната дијагноза. Тестот на кожа може да се изврши на 2 начина:

  • Да се стави мала капка на прочистена течност со алергенот и потоа да се загребе кожата со игла.
  • Мала количина од алергенот да се вбризга непосредно под кожата. Ако после 15 минути се појави црвенило (како убод од комарец) на местото на убодот, се смета дека тестот е позитивен.


За дијагнозата да биде дефинитивно поставена, потребно е тестот да биде позитивен, а детето да има симптоми на алергија. На пример ако тестот покаже дека детето е алергично на полен од трева и воедно често кива кога си игра на трева, ќе се смета дека е алергично на полен од трева.


Третман на сезонски алергии


Не постои вистински лек за сезонските алергии, но може да се ублажат симптомите. Обидете се да ја намалите изложеноста на алергенот. За време на сезоната на алергии чувајте ги прозорците затворени, употребувајте прочистувач за воздухот и поминувајте повеќе време во затворен простор.

После секое играње надвор, детето нека се истушира или нека ги измие рацете и нека ја промени облеката.

Ако намалувањето на изложеноста на алергените не помогне во намалување на симптомите, постојат медикаменти кои можат да ги олеснат симптомите, како деконгестанти, антихистамини итн. Понекогаш се применува и имунотерапија, при која личноста се десензитивира на алергените со примање на редовни инекции со нив.