Домашен сируп против кашлица

Кашлицата знае да биде многу досадна и честа во овој период, но овој сируп може многу да помогне за нејзино смирување, а исто така ќе го смири и грлото.

Состојки:

1 литар филтрирана вода
1/4 шол за млеко рендан ѓумбир
1/4 шол цвет од камилица
1/4 шол корен од бел слез
1 супена лажица цимет
1/4 шол сок од лимон
1 шол мед

Подготовка:

Во сад се става водата со ѓумбирот, камилицата, слезот и циметот. Се зовриваат, а потоа се намалува температурата да врие на многу тивко додека не испари половина од течноста.
Процедете ја смесата низ ситна цедалка за чај.
Додека е уште топла течноста (но не врела) додајте го сокот од лимон и медот и добро измешајте.
Ставете ја смесата во тегла и затворете ја добро. Можете да ја чувате во фрижидер до 2 месеци.

Дозирање:

На деца постари од една година се дава по 1 мало лажиче дневно, а на возрасни по една супена лажица се додека има потреба.


Ѓумбирот има природно против воспалително дејство и е природен експектроранс.


Циметот го подобрува имунолошкиот систем, има против-воспалително дејство и дава убав вкус. Повеќе можете да прочитате тука: Здрваствени придобивки од циметот.


Цветот од камилица ги опушта мускулите, помага за полесно заспивање, а го смирува и грлото.

Слезот е едно од најдобрите средства против кашлица и воспаленија на мукузните мембрани, тој го обложува и го смирува грлото и кашлањето.

Медот освен што е добар за имунитет и богат со витамини и минерали, ја смирува кашлицата и грлото.



Designed by Antsin.com