Бебето имитира и учи од вас? Да, се додека не го измамите

 

Бебињата сакаат да имитираат. Прашајте го било кој родител и тој ќе ви каже дека бебињата имитираат звуци, изрази на лицето и активностите кои ги набљудуваат. Сега новите истражувања од Универзитетот Конкордија, објавени во списанието Infant Behavior and Development, покажаа дека бебињата можат да направат разлика помеѓу веродостојни и не-веродостојни извори. Едноставно кажано, повеќето деца нема да следат ако претходно биле излажани од страна на некој возрасен.

бебе учи од возрасните

Ако го мамите ќе одлучи да не учи од вас

 

Diane Poulin-Dubois, професор на Одделот за Психологија на Конкордија и член на Центарот за истражување во човековиот развој, вели:

 


Како и постарите деца, и доенчиња водат сметка за тоа дали некој поединец бил доверлив или не и ги користат овие информации за да ги водат во нивното последователно учење. Поточно, децата ќе изберат да не учат од некого што го сметаат за недоверлив.
 


Како дел од оваа студија била тестирана група од 60 деца, на возраст од 13 до 16 месеци. Бебињата биле поделени во две групи, со доверливи или недоверливи тестери. Во првата задача, експериментаторите ќе погледнеле во кутија, со израз на возбуда, а потоа бебињата биле поканети да откријат дали кутијата содржи играчка или е празна. Оваа задача била дизајнирана да го покаже кредибилитетот на експериментаторот или неговиот недостатокот.
 


Во втората задача, експериментаторот го користел челото наместо рацете за да го вклучи светилка. Научниците сакале да откријат дали бебињата ќе го следат примерот. Резултат? Само 34 проценти од бебињата чии тестери во првата задаче се покажале како неверодостојни ја следеле чудната задача. Спротивно на тоа, ирационалното однесување било имитирано од 61% од бебињата во групата која имала тестер од доверба.

Ivy Brooker - вториот автор на студијата вели:
 


Ова покажува дека бебињата ќе го имитираат однесувањето на доверливите возрасни. Спротивно на тоа, истото однесување на недоверливите возрасни се толкува како ирационално или неефикасно, и затоа не вреди да се имитира.

 

Овие резултати додаваат уште повеќе докази кон претходните истражувања од истата лабораторија, кои укажуваат на тоа дека дури и бебиња се вешти во откривање на тоа кој е сигурен, а кој не е.