зачнување

Бледата втора црта на тестовите за бременост често пати е многу фрустрирачка за жената која го прави тестот. Иако бледата линија може да се смета за позитивен тест, сепак понекогаш може да биде така наречена евапорациска линија и да доведе до лажен позитивен резултат.

Ново истражување го откри клучниот ризичен фактор поврзан се недоволната исхранетост на бебињата при раѓањето и бебињата со помала од нормалната тежина за нивната гестациска возраст.

Резултатите од испитувањето ја нагласуваат важноста на балансираната исхрана пред и за време на бременоста, а исхраната богата со свежо овошје и зеленчук влијаела да има подобри резултати кај бебињата.

Што е тоа базална температура

Базалната телесна температура не е исто што и нормалната температура. Базалната температура е температура на телото, кога тоа се наоѓа во мирување. Односно за да измерите базална температура, потребно е да имате барем 3-4 часа непрекинат сон.

Мерењето на базалната телесна температура е најсигурниот знак по кој можете сами да познаете кога се случила овулацијата, иако како метод во медицината денес е застарен.

овулација и оплодување на јајце клетката

Овулацијата е процес во кој зрелата јајце клетка се ослободува од јајникот и е спремна за оплодување. Тоа всушност е време од менструалниот циклус кога жената е плодна. Овулацијата се случува само еднаш во месецот, односно еднаш во текот на еден месечен циклус на жената.

Зачнување - почеток на новиот живот

Создавањето на новиот живот, односно зачнувањето не е воопшто едноставна работа. Она што се гледа надворешно е водењето на љубов помеѓу мажот и жената, но всушност зачнувањето претставува исклучително сложен процес, врз кој што влијаат многу фактори.