Уште едно чудо од бебе: се родило со полн термин, а водењакот пукнал во 16 недела од бременоста
Social Buttons
На малиот Чарли лекарите му дале само 1% шанси да преживее. Но, неговата мајка Лора Хил (20) го добила најубавиот роденденски подарок во Март, откако тој се изборил и се родил откако го постигнал полниот термин.
Лора и нејзиниот партнер биле советувани од страна на медицинските лица да се откажат од своето неродено дете во октомври, но тие одбиле.
Воодушевeвувачки: Лора и Чарли - кој е роден на нејзиниот роденден
Лора вели:
Првиот пат кога го држев Чарли, плачев од што толку многу бев полна со среќа.
Само му кажував дека мама не мислеше дека ќе стасаме до тука.
Лаура и Ричард веќе ја имаат 2 годишната ќерка Тили.
Кога таа била бремена 16 недели и четири дена, се разбудила натопена со вода. Веднаш заминала во болница, каде и било кажано дека има предвремено прскање водењакот.
Таа вели:
Ме прегледаа на ехо, видоа дека водењакот е прснат и ме советуваа да абортирам.
Ми беше кажано дека најверојатно ќе се породам во рок од две недели и дека бебето има само 1% шанси за преживување, а и ако тој преживее ќе има шанси за оштетување на мозокот или деформитет на белите дробови.
Но, јас реков дека 1% се се уште шанси дека тој може да живее и јас не сакав да се откажам од моето бебе.
Лаура одела на прегледи и тестови на крвта два пати неделно, за да се следи состојбата на бебето.
Кога наполнила 21 недела и било кажано дека се чини дека чудесно околуплодовите обвивки повторно се запечатиле и дека има малку вода околу бебето.
Само неколку недели порано таа го планирала погребот на Чарли, затоа што на семејството му препорачале да се подготват во случај да умре.
Таа кажува:
Имав ќебе за него, имав напишано поема, а сестра ми најде мече. Имав слика од Ричард, Тили и од мене, за да ја ставам со него.
Нејзиниот последен ехо преглед покажал дека со нејзиното сакано бебе е се во ред.
Последниот ехо преглед го направив на 35 недели и 4 дена и лекарот ми кажа дека се е апсолутно совршено.
Тој рече дека сум многу, многу среќна и дека имам чудо од бебе.
Таа била во 39 недела на бременоста, кога водењакот повторно прснал на 28 февруари, а Чарли се родил следното утро, на нејзиниот роденден.
Тој плачеше, но тоа беше слабо плачење и почнав да паничам, но бабицата ми рече: тој е совршено нормален - тој е вашето малку чудо, вели Лора.
Таткото Ричард вели:
Кога се роди Чарли беше најсреќниот ден во мојот живот, заедно со денот кога се роди Тили.
Среќното семејство
Пет месеци покасно, сега Чарли е живо мало момче, кое сака да се смее и џагори.
Лора вели:
Чарли ги сака сите од неговото семејствo.
Тој ја сака Тили толку многу - секогаш е загледан во неа и се обидува да го добие нејзиното внимание, а и таа му се восхитува.
Ако не верував во Чарли, би се откажала, а тој денес не би бил овде.
Чарли е едноставно совршен во секој поглед и тој е чудо за секој кој знае низ што помина.
Лора вели дека се надева дека неговата приказна ќе им даде нова надеж на други родители кои се соочуваат со тешки одлуки за нивните неродени бебиња.
Таа вели:
Лекарите извршувааат одлична работа, но тие само може да ви дадат совет врз основа на она што тие го знаат, а не секогаш ги имаат одговорите.
Јас само сакам сите да ја слушнат приказната за Чарли, тоа е чудо, тој ги победи сите шанси.


