Мајка се разбудила од кома навреме за да ја роди ќеркичката

Social Buttons

родителите

Кога Џени Квилс од Тампа, била во 33 недела од бременоста се случила несреќа. Таа се упатила на закажан лекарски преглед, но не стасала таму. Џени била удрена на пешачки премин од камион, во близина на нејзината куќа.

Несреќата се случила на 15 Октомври, Џени паднала во кома и била задржана на оддел за интезивна нега. На 29 Октомври таа се разбудила од кома и ја родила нејзината ќеркичка Ејнџел, со помош на царски рез.

Здравото девојче одлично напредува, а мајката е во стабилна состојба, иако е сеуште во болница.

Лекарите се среќни заради успешната приказна и што можеле да му помогнат на девојчето безбедно да дојде на свет.

Designed by Antsin.com