Татко направил костум на Ајрон мен (Железниот човек) за предвремено родениот син во болница,

Social Buttons

Малото момче во костумот

Четири месечниот Колиер Харт, се родил предвреме со недоволно развиени бели дробови и целот свој досегашен живот го поминал во болница. Неговиот татко сакал и тој да има костум, но не било каков, туку костум кој ќе му помогне да се чувствува храбар.

Не му требало долго време за да сфати кој е совршениот костум: Ајрон мен. Исто како и малиот Колиер, Тони Старк требало да биде поврзан со машини за да остане жив. Таткото вели дека Ајрон мен самиот си изградил костум за да остане жив, а потоа станал херој и смета дека тоа ќе биде добра инспирација за Колиер.

Тој пронашол на интернет шаблон за костумот и го намалил за да одговара на мерките на малото момче. Момчето го носело костумот само една минута.

Таткото вели:

Да се има бебе во болница значи долги периоди на физичка и емотивна исцрпеност, затоа е важно да се најдат малите моменти на радост и да се гледа напред - а да се сеќава подоцна.

Колиер досега се покажал како вистински мал борец. Неговиот татко вели дека на интезивна нега во одделот за новороденчиња има многу подеми и падови, но тој се надева дека неговиот син ќе биде дома до Божик.

Се надеваме и ние и му посакуваме на храброто момче што поскоро закрепнување!

Таткото го изработил и следното видео:

Designed by Antsin.com