Мајка одбила да абортира кога водењакот и пукнал во 16 недела, па родила совршено здраво бебе
Social Buttons
Кога Кети Еванс (35) била во 16 недела од бременоста и пукнал водењакот, лекарите ја советувале да абортира со тоа што и кажале дека бебето има само 1% шанси да преживее. Кога го слушнала тоа, Кети била скршена, но одбила да се откаже и решила да и дозволи на природата да си го направи своето.
За 2 недели се случило чудо, ултразвукот покажал дека водењакот се обновил - нешто што лекарите во болницата го немале видено дотогаш.
Пет месеци подоцна, во 34 недела од бременоста, таа го родила својот син - ЧУДО, а нејзината 3 годишна ќеркичка добила братче.
Кети објасува:
Седев пред компјутерот и ги печатев нашите документи за патување - следниот ден требаше да одиме на одмор во Франција.
Порано во бременоста имав мало крварење, па кога почувстував како излезе течност помислив дека повторно крварам.
Но, тогаш сфатив дека тоа воопшто не беше крв. Бев збунета. Мајка ми беше со мене и и реков дека мислам дека ми пукна водењакот, но ниту една од нас не разбираше како тоа може да се случи толку рано во бременоста.
Пред да заминат во болница, таа на интернет ги побарала симптомите за да биде наоружана со информации. Читајки по медицинските сајтови сфатив дека оволку рано пукање на водењакот е навистина лоша вест.
Ултразвукот покажал дека едвам има плодова вода за да го заштити нероденото дете во матката. Кети вели:
Едам можевме да го видиме бебето на мониторот, сликата беше матна, бидејки немаше плодова вода, која ќе овозможи да се види фетусот.
Лекарите ја советувале да абортира, бидејки шансите за инфекција биле толку високи, а шансите за бебето да преживее биле толку мали. И кажале дека дури и бебето да преживее може да се роди без развиени екстремитети или пак да не може да дише.
Но Кети изјавува:
Не сакав абортус... сакав природата да си го направи своето.
Кети била задржана во болница и наредните 48 часа примала антибиотици за да се намали ризикот од инфекција.
Во меѓувреме лекарите ја подготвувале за високата возможност дека ќе го загуби бебето. Во повеќето случаи на предвремено пукање на водењакот породувањето започнува во период од 48 часа.

Таа не бил подготвена целосно да се откаже од надежта:
Јас сум позитивна личност по природа и одбив да се откажам од бременоста или да го оплакувам бебето се додека точно не знаевме што ќе се случи.
Во меѓувреме се придружила на групи за подршка на Фејсбук и открила дека во реалноста стапките на преживеани бебиња со нејзината состојба всушност биле многу повисоки, од официјалните статистики кои и ги презентирале лекарите. Тоа и дало надеж, но исто така се присилила да ги прочита и негативните искуства од мајки, кои ги загубиле нивните бебиња.
Тогаш Кети сфатила дека во В. Британија лекарите имале стандардна процедува да им понудат на трудниците со нејзината состојба абортус, за да им дадат подобри шанси да избегнат инфекција. Таа продолжува:
Ова беше многу посакувана бременост. Можев да почувстувам како бебето клоца. Веќе ја сакав оваа мала личност.
Кога и после 2 дена не дошло до абортус, повторно да прашале дали се согласува да ја прекинат бременоста и повторно одбила.
Кога ултразвукот после 2 недели покажал дека плодовата вода и водењакот се обновени и дека бебето нормално се развива Кети конечно си дозволила да се исплаче. Таа се надевала дека ќе успее да ја дотурка бременоста барем до 24 недела, но всушност се породила во 34 недела. Лео бил еден ден во инкубар, а после 5 дена ги пуштиле дома.

Среќната мајка вели дека кога ќе помисли на што се минале во бременоста, сега кога го гледа Лео се и изгледа толку нереално. Цело семејство е преблагодарно за него, тој е посебно бебе.





