Бебињата на кои им се давани антибиотици во првите 6 месеци имаат зголемен ризик за развој на астма

Бебињата на кои им била дадена еднократна терапија со антибиотици во првите 6 месеци од животот се покажало дека имаат за 40% поголеми изгледи дека ќе добијат астма. Оние пак кои примиле два пати терапија со антибиотици во првите 6 месеци по раѓањето, имале зголемен ризик од дури 70%.

Ова го покажала студија на научници од Универзитетот Јеил и е последна од серијата на студии за влијанието на лекарствата врз развојот на астмата во детството.

Експертите се поделени во однос на мислењето дали антибиотиците се виновни за зголемениот ризик од астма, или таа би се појавила во секој случај. Во последната студија научниците пронајдоа цврста поврзаност, дури и откако биле земени во предвид другите фактори кои би можеле да придонесат за развој на астма, како семејната историја на болеста.
 

астма кај деца

Антибиотиците давани во првите 6 месеци од животот го зголемуваат ризикот од астма во детството


Момчињата во детството се посклони за развој на астма, но во тинејџерксите години има повеќе девојчиња кај кои се развива болеста.

Бројни студии досега покажаа дека антибиотиците можат делумно да бидат виновни.

Многу деца се подложени на антибиотска терапија за да се победат инфекциите на белите дробови. Циниците велат дека овие инфекции се знак дека астмата веќе започнала и дека антибиотиците не се воопшто виновни.

Други пак велат дека семејната историја на болеста е поверојатната причина.

Последната студија од Јеил опфатила 1400 деца за да испита дали развојот на астмата до 6 годишна возраст е почест кај децата кои примале антибиотици во раното детство.

За да добијат веродостојни резултати научниците избрале бебиња кои примале антибиотици заради други причини, а не инфекции на белите дробови. Тие вклучиле деца на родители кои самите немале историја на астма.

Резултатите објавени во списанието American Journal of Epidemiology, покажале големо зголемување на ризикот, дури и кога децата никогаш немале инфекција на белите дробови, ниту пак доаѓале од астматични семејства.

Научниците сметаат дека лековите ја нарушуваат рамнотежата на заштитните микроорганизми во цревата на бебињата кои би им помогнале во борбата против болестите во раните стадиуми од животот.

Многу раното изложување на микроорганизми, особено во дигестивниот тракт, изгледа дека е неопходно за врамнотежен имунолошки систем во детството.

Употребата на антибиотици, особено на оние со широк спектар на делување можат да ја променат микрофлората и со тоа да предизвикаат нерамнотежа во имунолошкиот систем и лош алергиски одговор.

Водачот на студијата, Др. Kari Risnes вели:
 


Резултатите од нашата студија треба да ги охрабрат лекарите да избегнуваат непотребна употреба на антибиотици, особено кај децата со низок ризик.