Здравје кај бебиња

Времето на воведување прихрана и ризик за алергија на храна кај бебињата

Од: Твое Бебе on Четврток, 21/11/2013 - 22:32

Студија на Универзитетот од Саутхемптон покажа дека воведувањето на тврда храна во исхраната на бебето покасно од 17 недела може да го намали ризикот за алергии, исто така ризикот е помал ако паралелено со воведувањето на тврда храна се продолжи со доење.

Содржината на алуминум во адаптираните млека и понатаму е превисока

Од: Твое Бебе on Сабота, 12/10/2013 - 14:03

Дека алуминумот е присутен во адаптираното млеко во преголеми дози се знаеше и досега. Уште во 2010 год. Проф. Chris Exley со неговите соработници објавија дека содржината на алуминиум во адаптираното млеко е премногу висока.

Бебињата ги добиваат неопходните пробиотици преку мајчиното млеко

Од: Твое Бебе on Четврток, 22/08/2013 - 21:50

Научниците докажаа дека добрите бактерии, кои го колинизираат дигестивниот систем и се неопходни за здравјето на цревата и имунолошкиот систем, бебињата ги добиваат преку мајчиното млеко.

Бебињата кои ги слушаат караниците на своите родители се почувствителни на стрес

Од: Твое Бебе on Петок, 29/03/2013 - 16:24

Американски истражувачи открија дека мозокот на бебињата реагира на лутиот тон на гласот, дури и кога тие спијат.

Бебињата имаат многу податлив мозок, што им дозволува да се развијат во соглсаснот со нивната животна средина и искуства.

Но, оваа нивна податливост, исто така ги остава ранливи zа развојни проблеми, доколку доживеале екстремен стрес, како што е запоставување или злоупотреба.

Истражувачите од Универзитетот во Орегон користеле скенери со магнетна резонанца, за да го проучат мозокот на 20 бебиња, додека тие спиеле.

Предвремено родените бебиња имаат долгорочна полза од кенгур негата

Од: Твое Бебе on Четврток, 20/09/2012 - 01:33

Кенгур нега - техника при која предвремено родените доенчиња остануват во контакт кожа со кожа, на градите на родителите, наместо да се стават во инкубатор - се покажа дека има траен позитивен ефект врз развојот на мозокот, како што открија истражувачите од Универзитетот Лавал.

Одвоеноста од мајката е стресна за бебето

Од: Твое Бебе on Понеделник, 07/11/2011 - 22:04

Кога жената ќе се породи често пати новороденчето се повива и се остава да спие во нејзина близина во свое креветче или се одвојува во друга соба, за мајката да може да се одмори. И покрај тоа што ова е вообичаена практика, новите истражувања објавени во Biological Psychiatry обезбедија нови докази дека одвојувањето на бебињата од нивните мајки е стресно за нив.

Бебињата на кои им се давани антибиотици во првите 6 месеци имаат зголемен ризик за развој на астма

Од: Твое Бебе on Понеделник, 10/01/2011 - 00:41

Бебињата на кои им била дадена еднократна терапија со антибиотици во првите 6 месеци од животот се покажало дека имаат за 40% поголеми изгледи дека ќе добијат астма. Оние пак кои примиле два пати терапија со антибиотици во првите 6 месеци по раѓањето, имале зголемен ризик од дури 70%.

Ова го покажала студија на научници од Универзитетот Јеил и е последна од серијата на студии за влијанието на лекарствата врз развојот на астмата во детството.

Пушењето во бременоста го зголемува ризикот од Синдром на ненадејна смрт кај бебињата

Од: Твое Бебе on Четврток, 11/11/2010 - 09:52

Познато е дека бебињата на мајките кои пушат имаaт поголем ризик од Синдромот на ненадејна смрт или смрт во колевка (SIDS), но сега научниците мислат дека открија зошто се случува тоа.

Тие сметаат дека виновник за зголемениот ризик е влијанието на никотинот врз развојот на центрите во мозокот кои го регулираат дишењето.

Научниците откриле дека бебињата на жените кои пушеле во текот на бременоста имале почести епизоди на паузи во дишењето - апнеа.

Бебињата кои се родени во есен се посклони кон алергии на храна

Од: Твое Бебе on Среда, 20/10/2010 - 23:02

Децата кое се зачнати во доцна зима или рана пролет имаат поглем ризик за развој на алергии на храна.

Ризикот за разој на алергија на храна кај децата зависи и од тоа во кој период од годината го поминале првото тромесечие од нивниот развој. Се препоставува дека за тоа е виновна високата концентрација на полен од дрвјата во пролетните месеци, во периодот кога кај бебињата е почетокот на формирање на антителата.

Бебињата кои се ексклузивно доени 6 месеци се значително поздрави

Од: Твое Бебе on Вторник , 28/09/2010 - 13:59

Научниците открија дека колку подолго бебето е исклучиво на мајчино млеко, без додавање на вештачко - има помали шанси да добие разни инфекции.

Доењето во период од 6 месеци, ги штити децата од инфекции.

Резултатите покажаа дека децата кои се исклучиво (ексклузивно) доени во првите 6 месеци се значително поздрави, од оние хранети со адаптирано млеко.

Pages

Сподели со пријателите:
Designed by Antsin.com