Временска линија на првиот час по раѓањето на новороденчињата

новороденче

Научници од Шведска внимателно набјудувале и снимале видеа со 28 бебиња за време на првиот час по раѓањето. Она што го виделе им дало дотогаш невиден поглед на инстиктивното однесување на новороденчињата, кога биле оставени на нивното природно однесување и природна средина: на мајчините гради, во контакт кожа со кожа.

Еве неколку работо што бебињата ги правеле во првиот час по раѓањето:

Минута 0: Бебињата испуштаат силен плач, кој помага да се разбудат белите дробови.

Минута 2: После плачот бебињата поминуваат помалку од една минута во релаксирање, совршено мирни на градите на нивните мајки.

Минута 2,5: Како што почнуваат да се будат, бебињата ги отвораат очите за прв пат. Постепено почнуваат да ги движат нивните усти и глави.

Минута 8: Бебињата стануваат поактивни, ги држат отворени очите 5 минути или подолго. За време на оваа активна фаза, новороденчињата покажуваат растечки интерес за јадење, гледаат во лицата и градите на нивните мајки, прават слатки "гладни" звуци и ги придвижуваат своите раце до устата.

Минута 18: Се тоа досега беше исцрпувачко. Време е за нов одмор.

Минута 36: Одморени и освежени, бебињата почнуваат да се движат накај градите на мајката, потпирајки се на чувството намирис за да го најдат патот.

Минута 62: Бебињата цицаат, тие ќе примат мали количини колострум (првото млеко, кое е полно со протеини и имунолошки фактори). Ова рано доење ги стимулира градите да произведуваат млеко, а исто така и помага на матката да се контрахира и да се врати на претходната состојба.

Минута 70: Бебињата заспиваат и земаат навистина заслужена пауза.

Ете, тоа се првите акции на едно новороденче во првите 70 минути по раѓањето. Се разбира дека овие бројки се средни вредности, земени од мал број новороденчиња (28) и тие си имаат свои варијации.

Овој поглед на однесувањето на бебињата без никој да се вмешува од надвор, може да им даде на научниците увид како да го охрабрат доењето. Нагласокот е на тоа во болниците да се воведат практики, кои ќе бидат дизајнирани за да помогнат со доењето. Претходна набјудувачка студија откри дека бебињата кои со брадата се допираат на долниот дел од градата на мајката имаат поуспешно доење.

Оваквите студии даваат покомплетна слика за потребите на новороденчињата по раѓањето.