Бебињата ги добиваат неопходните пробиотици преку мајчиното млеко

Научниците докажаа дека добрите бактерии, кои го колонизираат дигестивниот систем и се неопходни за здравјето на цревата и имунолошкиот систем, бебињата ги добиваат преку мајчиното млеко.

Студијата е објавена во Environmental Microbiology, а е водена на Проф. Christophe Lacroix од Институтот за храна, исхрана и здравје во Цирих, Швајцарија.

Проф. Lacroix вели:

Возбудени сме што откривме дека бактериите всушност патуваат од цревата на мајката до мајчиното млеко.

Здрава заедница на бактерии во цревата на мајките и бебињата е навистина важна за здравјето на стомакот на бебињата и развојот на имунолошкиот систем.

Научниците од Цирих откриле дека видовите од Bifidobacterium breve и Clostridium бактериите, кои се важни за здравјето на дебелото црево се наоѓале во мајчиното млеко, како и во изметот на бебињата.

Соевите на бактерии кои се наоѓаат во мајчиното млеко можат да имаат критична улога во воспоставувањето на нутритивна рамнотежа во стомакот на бебето и можат да бидат важни за спречување на стомачни нарушувања.

Проф. Lacroix вели:

Не сме сигурни на кој начин бактериите од цревата на мајката пристигнуваат во млекото, но користевме култура, изолација, секвенционирање и означување за да докажеме дека дефинитивно се работи за истите соеви.

Научниците ќе продолжат со истражувања за да ја комплетираат сликата за тоа како бактериите се пренусваат од мајката до новороденчето.

Во секој случај уште еднаш се потврдува дека доењето е најдобро.

Првиот контакт на бебињата со пробиотиците се случува додека тие минуваат низ родилниот канал на мајката.