Мое тело, мое породување, мое бебе: Се породила сама при царски рез
Gerri Wolfe, 41 храбра мајка од Австралија самата посегнала во стомакот и ги извадила близнаците за време на царски рез. Тоа и било петто породување со царски рез, но овој пат не сакала тоа да биде традиционален царски рез.
Таа всушнсот сакала да се породи природно и била многу разочарана кога во 36-недела добила компликации, заради кои морала пак да се породи со царски рез. Таа вели:
Моите претходни царски резови беа толку стерилни, безлични.
Тогаш се сетила дека некаде прочитала за царски рез, асистиран од мајката. Тоа е типичен царски рез, извршен од лекари, но мајката е таа кога посега во стомакот и го подига бебето на крајот.
Нејзиниот гинеколог се противел, а нејзиниот сопруг се шегувал дека таа предизвикува неволја.
Но, храбрата Гери била навикната да добива тоа што сака. Таа кажала:
Тоа е мое тело, тоа е мое породување, тоа е мое бебе.
Гери вели дека искуството било прекрасно, како да се пораѓа природно и било нешто многу полично од нејзините претходни породувања.
Нејзиниот гинеколог решил да ја простудира целата постапка, која ја барала мајката и увидел дека ризикот за инфекција не е толку голем колку што тој на почетокот сметал дека е.
На 22 Декември, Гери влегла во операционата сала и се "изрибала" заедно со нејиниот акушер.
Имала 2 пара ракавици на рацете и седела на креветот, каде примила епидурал.
Легнала долу, потоа и го извадиле еднот пар ракавици, со што останала со еден пар ракавици на себе. И дале стриктни упатства да не ги движи рацете под градите. Гери вели:
Не смеев да допрам ништо. Не ми беше дозволено да мрдам. Не смеев да направам било што додека тие не ми рекоа.
На тој начин бев целосно стерилна.
По некое време, тој се наведна над мене и ми рече: Дали си спремна да ги запознаеш овие бебиња?
Јас реков: О Господе... ОК, навистина!
Дотогаш се беше како нормален царски рез, додека тој не рече: Посегни долу и земи ги твоите бебиња.
Ја земав Матилда на моите гради и ја држев во левата рака.
Една минуте подоцна тој ми рече: дојди и земи го другото.
Виолет беше карлично поставена, така да ми беше малку чудно кога ја подигнав неа.
Но, посебнав со мојата десна рака и некој ми помогна да ја свртам како што треба и да ја ставам и неа на градите.
Тогаш ги имав двете нив!
Близначките се најмладите од десет деца во семејството. Најстарото дете има 19 години и е далеку од разгалено. Напротив, многу активно е вклучено во заедницата. Вајолет и Матилда ќе бидат последните деца во семејството, барем таков е планот.