Бебе вратено во живот од својата мајка

Новороденче оживеано два часа откако лекарите го прогласиле за мртво, благодарение на неговата мајка и нејзините прегратки со љубов.

После 2 часа прегратки, допири и зборување на мајката, бебето се вратило во живот. Лекарот само климал со главата велејки: Не ми се верува, не ми се верува..Се работи за вистинско чудо и доказ за важноста и моќта на љубовта.

Бебето - Џејми, се родило во 27-та седмица од бременоста и тежело само 910 грама. Неговата сестра близначка Емили била во добра здравствена состојба, но лекарите не успеале да го потикнат дишењето на малиот Џејми и по 20 минути безуспешни обиди го прогласиле за мртов.

Мајката Кејт Ог имала последна можност да се прости од својот син, но таа не сакала да прифати дека тој е мртов, го одмоткала од ќебенцето, ја раширила својата облека, го ставила на градите и 2 часа му зборувала дека го сака, го држела во својата прегратка и не сакала да го пушти.

Првите знаци на живот Џејми ги дал после 2 часа, на почетокот тоа била само воздишка за која лекарите рекле дека е рефлекс. Следно што мајката направила било да му даде на бебето малку од своето млеко со прстот и тогаш бебето почнало да дише нормално.
 

Фотографија на Кејт и Џејми откако станало јасно дека бебето ќе преживее

 


Кејт вели: Си помислив, Ох Боже, што се случува. Кратко време после тоа Џејми го отвори очите. Тоа беше чудо. Тогаш тој ја испружи раката и ми го зграби прстот. Ги отвори очите и ја сврте главата. Докторот климаше со главата велејки: Не ми се верува, не ми се верува...


Случајот ја покрена јавната расправа за важноста на така наречената "кенгур нега" за болните или предвремено родените бебиња, односно контактот благодетта од контактот кожа со кожа помеѓу родителот и бебето. Бебињата кои се раѓаат со проблеми вообичаено итно се носат на интезивна нега, но кај кенгур негата мајката делува како инкубатор за топлење, стимулирање и хранење на бебето.

Се покажало дека предвремено родените бебиња и бебињата родени со мала телесна тежина кога се со кенгур нега имаат помала стапка на инфекции, помалку сериозни заболувања и намален ризик од хипотермија.

Бебето се роди во Март во болница во Сиднеј, но сега за прв мајката јавно проговори за телевизија за да ја нагласи важноста за контактот кожа со кожа за болните бебиња.
 

Кејт со 5-месечниот Џејми во ТВ емисијата за важноста на кенгур негата


Кејт во емисијата изјави:



Лекарот ме праша дали имаме одбрано име за нашиот син. Му одговорив "Џејми", тогаш тој се заврте ми го даде веќе завитканото бебе и ми рече "Го загубивме Џејми, тој не преживеа, жал ми е."

"Тогаш го искусив најлошото чувство од било кога. Го отмоткав Џејми, беше многу млитав."

"Ја соблеков мојата наметка и го ставив на градите со неговата глава на мојата рака и само го држев. Воопшто не мрдаше и почнавме да му зборуваме."

"Му кажавме како му е името и дека има сестра. Му кажавме за сите работи кои сакаме да ги правиме со него во животот."

"Џејми се обиде да вдише, за што лекарите рекоа дека е рефлекс. Но тогаш почувствував дека мрда како да се штрекна, тогаш почна редовно да воздивнува повеќе и повеќе."

"Му дадов со мојот прст малку млеко, го прими и почна нормално да дише."

Додека зборуваше во емисијата на Австралиската Телевизија во шоуто "Today Tonight", Г-ѓа Ог го држеше сега веќе 5-месечниот Џеј

Нејзиниот сопруг Давид додаде: "За среќа имам многу силна и многу паметна жена. Таа инстиктивно го направи она што го направи. Ако не го стореше тоа, Џејми веројатно дека сега немаше да биде тука."