Како да го обликувате мозокот на вашето дете за успех

деца

Најважен дел за развој на мозокот на вашето дете сте самите вие. За да му дадете најдобри шанси за успех на вашето дете, не мора да имате совршени гени, дури не ви се потребни и сите оние модерни книги. Треба само да почнете со малку самосвесност. Alex Korb, научник неуролог од UCLA, советува:

Предфронталниот кортекс е област во мозокот, која е најчувствителна на родителските интеракции. Добро развиен предфронтален кортекс има голема важност за успехот на вашето дете (нпр да биде вклучено, мотивирано, среќно и продуктивно). Овој дел е особено важен за регулирање на емоциите. А способноста за регулирање на емоциите пак догорочните цели ги прави многу подостапни. Така на време можете да престанете со кукање и гневење за се што треба да направите, а исто така ви помага и да играте добро со другите без да се лутите толку лесно на луѓето.

Како и секој друг дел од мозокот, колку повеќе ќе го користите во детството - толку повеќе ќе се развива. Сакате вашето дете да биде музикално? Врзете го за пијано. Сакате да биде спортист? Ставете топка во неговата колевка. (Ова не се препораки, туку само шеговита хипербола за да се илустрира важноста на моментот). За жал не можете едноставно да им речете на децата да го развиваат предфронталниот кортекс или да ги натерате на тоа. Па како да им помогнете да го користат нивниот предфронталнен кортекс? Иако како и со зборовите, вашето дете учи да го користи предфронталниот кортекс гледајки ве вас. Така да, најдобар начин за да им помогнете да го развијат овој дел од мозокот е да почете да го употребувате вашиот.

Како реагира вашето дете кога нема да му го послужите омилениот доручек или кога нема да добие нешто друго што сака? Можете да му кажете да не кука или да не се вознемирува и одвреме навреме можеби и ќе ве послуша. Но, ако вие кукате и се вознемирувате кога нема работите да бидат по ваше, тогаш нема да имате среќа. Нивните мозоци впиваат и го имитираат човечкото однесување брзо и автоматски. Размислете за тоа, тие учат цел јазик само слушајки ве вас. Така да ако се вадите од памет кога некој ќе ви го пресече патот, погодете кој обрнува внимание на тоа? Не се работи само за погрдните зборови, се работи за целата ваша емотивна реакција. Можете да престанете со вербалниот напад, но ако сеуште сте под стрес и напнати, тие ќе го попримат тоа.

Regina Pally, од Center for Reflective Parenting, објаснува овака:

 

Децата учат многу повеќе преку имитирање, отколку преку инструкции... Ако тато и самиот многу вика и лесно се фрустрира кога нема да биде по негово, не изненадува тоа што и децата се однесуваат на истиот начин. Ако мама е хипер-анксиозна кога нејзиното дете е фрустрирано или разочарано, детето исто така ќе стане хипер-анксиозно кога ќе се соочи со силни емоции. Мајка, која е способна да биде малку посмирена, ќе има многу поголема веројатност да му помогне на детето да ја поприми смиреноста кога ќе се соочи со фрустрација и силни емоции.


Кое и да е вашето ниво на емоционална реактивност во вашата интеракција со вашите деца, тие ќе ве имитираат до бескрај. Сега е можноста за извесна само-свесност, за да видите како вашето однесување го пренесувате на вашите деца:

  • Кога некој, особено вашето дете ќе направи нешто што ќе ги повреди вашите чувства, дали избувнувате во гнев?
  • Кога работите не одат по ваше, дали се чувстувате тажно и депримирано?
  • Кога работите се надвор од ваша контрола, дали се наоѓате под стрес или станувате анксиозни?
  • Кога вашето дете не го прави тоа што го сакате, дали станувате нервозни?


Во сите овие ситуации, можете да ја искористите силата на предфронталниот кортекс за регулацијата на емоциите и така да ги научите вашите деца да ги користат нивните. Проф. Gregory Quirk, регулирањето на емоциите го опишува како "процес при кој контролираме кога и каде ќе се изразат емоциите". Здраво е да се имаат емоции, дури и силни емоции, но за да се биде социјално успешен често е потребно да се изразат во погодно време.

Кај луѓето предфронталниот кортекс всушност ја преставува предната третина од мозокот и е сегментиран на низа субрегиони. Многу од тие субрегиони придонесуваат за регулацијата на емоциите. За да ги активирате овие региони, едноставно почете да го употребувате процесот на самонабјудување или свесност. Почнете да забележувате како вашите емоции и емотивни состојби влијаат врз вашето однесување.

Сфатете дека во интеракциите со вашите деца, како и со сите други во вашиот живот, вие делувате или смислено или реактивно. Реактивното однесување значи дека му дозволувате на лимбичкиот систем да надвладее. Кога сте биле дете, тоа би значело нешто овака: Ми го зема камиончето, затоа ќе те удрам. Кога сте возрасен, може да биде посуптилно: Ја зема последната крофна на состанокот, затоа нема да ти ја позајмам мојата хефталка. Лимбичкиот систем делува на ниво на "стимул и одговор", тоа е примитивно однесување. Проблемот е што на лимбичкиот систем не му е грижа за долгорочните цели. Тој само се грижи за вашите чувства токму сега. Затоа, овие акции се мотивирани од вашата емоционална состојба, наместо од вашите цели, вредности или обзир кон вашите односи со другите.

Старата вештина на броење до 10 (или можеби до 1000) пред да одговорите на ситуацијата која ве гневи, го употребува предфронталниот кортекс. Самиот акт на препознавање дека сте гневни и дека имате потреба да броите до 10 ја започнува активацијата на неопходните мозочни региони за контрола на гневот.

Ова се многу информации, но немојте да се стресувате за тоа. Вежбајте самосвесност, со вежба ќе станувате се поуспешни. Направете го тоа за вашите деца, а тие ќе учат од вас.