Исправената положба ја скратува првата фаза од породувањето

Лежењето за време на раните стадиуми на породувањето може да го забави неговиот напредок. Истражувачите од Кохран открија дека првата фаза од породувањето кај жените кои што клечеле, стоеле, шетале или седеле исправено била пократка. Научниците до оваков заклучок дошле користејки податоци од 21 студија  направени во развиените земји и биле вклучени 3706 жени. Научниците откриле дека првата фаза од породувањето кај жените кои биле во исправена положба, била за за 1 час пократка во споредба со жените кои лежеле.

Annemarie Lawrence, која работи во Институтот за здравје на жените и децата во Квинсленд, вели:

 


Во повеќето развиени земји жените стојат или шетаат наоколу за време на раните стадиуми од породувањето, без тоа да има никакви негативни последици. Истражувањето покажа дека има полза, а не ризик кога жената е во исправена положба во првата фаза од породувањето.


Lawrence уште вели:

 

базирано на овие истражувања, препорачуваме жените да се охрабруваат да ја завземат таа положба која најмногу им одговара, но се советува да се избегне лежење на грб.