Породување

Со танцување до полесно породување

Активното породување е одличен начин за да се скрати породувањето и да се избегнат непотребни интервенции. Танцувањето е одлично за активно породување, музиката ја опушта мајката, а кружните движења со колковите помагаат во отворање на пелвисот и му помагаат на бебето во спуштањето.

Лекар врти карлично поставено бебе

вртење на карлично поставено бебе

На видеото може да се види како Др. Andrew Bisits, од Сиднеј се обидува да сврти карлично поставено бебе и успеава во тоа кога мајката ќе почне да му зборува на бебето.

Водач низ трудничките хормони

хормони во бременоста

Бременоста, породувањето и периодот после нив зависат од хормоните. Хормоните се заслужни за промените на вашето тело од почетокот на бременоста, па се до моментот кога ќе го држите вашето најмило во прегратка.

Студија: Стапките на царски рез во Европа широко варираат

новороденче и родители

Ризиците кои се поврзани со царскиот рез вклучуваат: побавно зарепнување на мајката, пропуштени добродетелни бактерии за бебето (важноста на микробиомот е огромна и има долгорочно влијание врз здравјето), зголемен ризик за инефкции итн.

Како изгледаат новороденчињата кога ќе се родат

новороденче

Раѓањето и средбата со вашето бебе сигурно ја очекувате со најголемо нетрпение. Сигурно се прашувате како ќе изгледа и можеби имате во главата слики од ТВ рекламите.

Како да ја третирате лузната од царски рез

лузна по царски рез

Лузната од царскиот рез не може целосно да се отстрани, меѓутоа со текот на времето бледее, а во некои случаи и станува едвам видлива. Многу важно е после царскиот рез лузната да ја негувате правилно, според препораките на вашиот лекар.

Како сами да утврдите како е свртено бебето во стомакот

бебе сврено во оптимална позиција

Точната позиција на бебето може да ви ја каже вашиот лекар, но исто така според некои знаци и вие самите можете со голема веројатност да претпоставите во каква позиција се наоѓа вашето бебе.

Бебиња родени со цел водењак

бебе родено со водењак

Функцијата на водењакот е да го заштитува бебето во стомакот на мајката, опркужено со вода која ги амортизира сите удари, како и да го снабдува со вода, која ја голта и ја дише.

Земањето на антибиотици во бременоста го зголемува ризикот за дебелина кај децата

трудница

Студија на Колумбија Универзитетот покажа дека децата, кои биле изложени на антибиотици во второто или третото тромесечие на бременоста имаат повисок ризик за детска дебелина на возраст од 7 години. Исто така поголем ризик за дебелина имале и децата кои биле родени со царски рез.

Лазење до градата, иницирање на рано доење

Секое новороденче кога ќе се стави на стомакот на мајката веднаш по раѓањето, има способност само од себе да ја најде градата и да одлучи кога ќе се случи првото доење. За најголемиот број на бебиња тоа се случува помеѓу 30 и 60 минути.

Pages