Контактот кожа со кожа им помага на мајките
Social Buttons

Канадска студија покажа дека контактот кожа со кожа со бебето, за новите мајки можеби е најдобриот начин да се опуштат после бременоста.
Истражувачите од Универзитетот St. Francis Xavie откриле дека мајките кои по неколку часа во текот на денот ги држеле бебињата во контакт кожа со кожа, имале попозитивни мајчински чувства и помалку страдале од пост-породилна депресија.
Во студијата, на 100 мајки им било советувано во првата седмица по породувањето да ги држат бебињата по 6 часа на гола кожа, а во наредните 3 седмици по 2 часа дневно. Мајката требало да го држи бебето во пелени на голи гради и завртено накај неа.
Др. Ann Bigelow една од истражувачите вели дека на овој начин мајката полесено го запознавала своето бебе затоа што било на нејзините гради. Таа полесно ги научувала и забележувала суптилните сигнали кои ги покажувало нејзиното бебе.
Не изненадува утехата која ја добиваат мајките и чувството на поврзаност со бебето од топлиот и продолжен контакт. Др. Bigelow смета дека гушкањето со бебето кај мајката предизвикува физиолошка реакција која ја потиснува депресијата и дека делумно е заслужно за приливот на позитивни емоции.
Кога мајките ги дојат или имаат контакт кожа со кожа со нивните бебиња доаѓа до ослободување на повеќе окситоцин. Окситоцинот пак е хормон кој ги потикнува позитивните чувства кај жените и ги нагласува мајчинските чувства.
Rachel Currie - патолог за говор и една од жените кои учествувале го тестираната група вели дека на почетокот и било чудно да го држи синот (нејзиното трето дете) на гола кожа во текот на подолго време додека не го доела, но покасно приметила дека тоа делува смирувачки врз неа. Таа вели дека близината што ја чувствувала во тие моменти и давала такво топло чувство, дури посилно и од тоа при доењето.
Таа вели:
Тоа беше време кога бевме само ние двајца. Не морав да правам ништо освен да го држам.
Контактот кожа со кожа исто имал позитивно влијание и врз бебињата. Тие биле посвесни кога ќе се разбуделе и спиеле поцврсто додека лежеле врз голата кожа на мајката.
Currie јавно ги фали истражувачите затоа што се обиделе да ги убедат мајките во смирувачкиот ефект на гушкањето со бебето при контакт кожа со кожа.
Истражувачите изработија ДВД на кое ја објаснуваат важноста и придобивките од контактот кожа со кожа на мајките и бебињата.


