Промените на мозокот во бременоста и овозможуваат на мајката полесно поврзување со бебето

Познато е дека кај трудниците освен физички промени, исто така се јавуваат и психолошки промени. Стануваат поемотивни и малку позаборавни од вообичано, но тие промени не се случајни, туку си имаат своја функција. Научниците тврдат дека тоа се случува со цел, односно мозокот на мајката се подготвува за нејзино поврзување со бебето.

Кај трудниците може да се забележи посилна мозочна активност во областите кои се поврзани со емотивните вештини.

Откритијата на нова студија сугериираат дека хормоните во бременоста прецизно ја штелуваат интуицијата, што ќе и помогне на жената да ги разбере потребите на бебето од моментот кога тоа ќе се роди.

Водачот на студијата, Др. Victoria Bourne, вели:
 
Нашите откритија ни дадоа значителни увиди во феноменот "бебешки мозок", кој жените ги прави почувствителни за време на бременоста.

Резултатите сугериираат дека за време на бременоста се случуваат промени во начинот на кој мозокот ги процесира емоциите на лицата, што им овозможува на мајките да бидат невролошки подготвени за да се поврзат со нивното бебе уште веднаш по раѓањето.

Научниците ја испитале невропсихолошката активност на 19 бремени жени и 20 мајки, чии бебиња во просек имале по 9 недели.

Резултатите покажале дека бремените жени повеќе ја користеле десната половина од мозокот, отколку што ја користеле мајките. Десната половина пак типично е поврзана со емоциите, додека левата половина од мозокот е поврзана со логиката.

Др. Bourne уште вели:

Од претходни истражувања знаевме дека бремените жени се почувствителни на емотивни изрази, особено кога гледаат на бебешки лица.

Бремените жени во студијата биле поуспешни во забележувањето на емоциите, отколку мајките на веќе родените бебиња. Др. Bourne вели дека треба да се направат понатамошни испитувања за да се истражи тој феномен.

Се чини дека екстра сензитивноста за време на бременоста има цел жената да биде усогласена со бебето уште веднаш по раѓањето.

Др. Bourne претпоставува дека оваа екстра сензитивност е предизвикана од трудничките хормони.