Откриени 7 гени поврзани со астма
Social Buttons
Британските научници од Империјал Колеџ во Лондон, идентификуваа 7 гени, кои се поврзани со развој на астма во детството. Се очекува дека ова откритие ќе доведе до пронаоѓање на нови третмани на болеста.
Студијата покажува дека алергиите најверојатно попрво се споредни ефекти на астмата, отколку нејзин предизвикувач.
Интернационалната студија опфатила испитување на ДНК на 26000 луѓе и биле откриени неколку генетски варијанти, кои ја зголемувале подложноста на астма кај децата.
Астмата во детството повеќе е застапена кај момчињата, отколку кај девојчињата и може да се одржи во текот на целиот живот. Резултатите од новата студија дадоа нова надеж.
Астмата често пати е поврзана со алергии и се претпоставуваше дека ги предизвикува.
Професор William Cookson - координатор на студијата, вели дека алергиите предизвикуваат нови симптоми кај луѓето кои се веќе склони кон астма, а не дека тие ја предизвикуваат астмата.
Околу 60% од луѓето со астма имаат и некаква алергија.
Секогаш се претпоставуваше дека алергиите го предизвикуваат процесот и таму беше фокусот на истражувањата, но без многу успех.
Сега со новите резултати научниците имааат можност да се фокусираат на 7-те ново откриени генетски варијанти, што во блиска иднина би требало да донесе резултати.
Тој уште вели:
Eден од главните проблеми во истражувањето на астмата беше што требаше да се одбере каде да се интервенира во патот на болеста.
Нашата студија ги истакна целите против кои ќе треба да се насочи ефикасната терапија на астмата.
Би се надевал да видам третмани кои ќе користат антитела или лекови против ова, во рок од 10 години.
Причината за астмата сеуште не е добро разјаснета, но веројатно дека генетските и факторите на околината имаат приближно еднаква улога.
Студијата била направена во соработка со 164 научници од земјите во Европа, заедно со научници од В. Британија, Канада и Австралија.
Биле испитани гените на 10000 деца и возрасни со астма и 16000 без астма.
Научниците направиле повеќе од половина милион генетски тестови на секој субјект, покривајки ги сите гени во човечкиот геном.
Биле пронајдени 7 локации во геномот, каде разликите во генетскиот код биле поврзани со астма.
Некои од идентификуваните гени се вклучени во патиштата за сигнализација, кои му кажуваат на имунолошкиот систем кога обвивката на дишните патишта е оштетена. Други гени изгледа дека ја контролираат брзината со која се обновуваат повредените дишни патишта.
Miriam Moffatt - професор по Хумана генетика и еден од водачите на студијата, вели дека благодарение на генетското испитување се дозна дека алергиите можат да се јават како резултат на дефект на обвивката на дишните патишта кај астмата.
Ова не значи дека алергиите не се важни, но значи дека со насочувањето на терапиите само на алергијата, нема ефикасно да биде третирана целата болест.
Професор Leanne Metcalf вели:
Долго време знаевме дека причините за астма се неверојатно различни и дека астмата се развива заради комплицираната врска помеѓу гените и околината на која се изложени луѓето.
Оваа уникатна студија ни помага да разбереме многу подетално како функционира генетската страна. Ни откри некои интересни погледи на улогата на алергиите во развојот на астмата и разликите во природата на состојбата кај децата во споредба со возрасните.
Исто така важно е тоа што се покажа дека генетското тестирање не помага да се предвиди кој е восприемлив за развој на астма, што значи дека раната дијагноза, интервенција и ефеикасен треман се уште поважни.Како и да е, највозбудливиот дел е во тоа што овие резултати ќе им помогнат на научниците да се фокусираат во истражувањата на највлијателните цели, со долгорочна цел на превеција на состојбата која е одговорна за смрт на 3 луѓе секојдневно.


