Објавено името на малата Принцеза: Шарлот Елизабет Дијана
Кејт и Вилијам го објавија името на нивната новородена ќеркичка. Името им одава чест на бабата, дедото, како и прабабата на Принцезата. Шарлот е француска форма на името на дедото Чарлс, а трогателно е тоа што малата принцеза ќе го носи и името на бабата Дијана. Шарлот воедно е и средното име на тетката Пипа Мидлтон.
Таа ќе биде нарекувана Нејзиното Височество Принцезата Шарлот од Кембриџ.
Вилијам и Кејт вчера останаа зад затворени врати, но ја пренесоа нивната благодарност за искажаните честитки, илјадници примени пораки и подршка која ја добија. Тие се заблагодарија и на персоналот во болница каде се роди Принцезата.
Нека е жива и здрава!


