Познатите мајки создаваат притисок врз жените по породувањето да ја загубат тежината пребрзо

Супер тенките познати мајки ги ставаат жените под притисок што побрзо да ја загубат постпородилната килажа, покажа испитување во В.Британија.



Многу жени се чувствуваат присилени да зaпочнат со диета веднаш по породувањето, a со тоа го доведуваат под ризик своето здравје и добросостојба.


Речиси 2 третини од мајките изјавиле дека чувствувале некој степен на присила да ослабат до нивната почетна тежина што е можно поскоро. Анкетата е направена од Кралскиот Колеџ за Акушерки.



Многу жени изјавиле дека гледајки ги познатите ѕвезди како толку брзо го враќаат своето тело во форма од пред бременоста, чувстувале одвратност спрема своето сопствено тело.


Стручњаците предупредуваат дека строгите диети се екстремно нездрави и можат да ги остават новите мајки премногу исцрпени за да се грижат за своите бебиња.



Испитувањето на 6200 нови мајки покажало дека 61% од акушерките биле премногу зафатени за да ги советуваат новите мајки за исхраната по породувањето. 84% од жените рекле дека им биле дадени многу слаби совети.


Janet Fyle, акушерка и советник на Ројал Колеџот вели дека ригорозите диети можат да остават последици врз здравјето:



Жените ќе се чувствуваат многу уморни, нема да можат да се грижат за своето бебе и нема да можат добро да се опорават од бременоста. Тие треба да јадат нормално во првите 6 месеци.

Нагласокот треба да се стави на здравата исхрана. Губењето на тежината доаѓа и природно заради доењето.

Примерот на познатите мајки може да остави последици врз здравјето

Designed by Antsin.com