Една минута подалеку од столчето може да го намали ризикот од срцев удар
Ако станете од столчето и отидете да поразговарате со колегите, наместо да им испратите е-маил, ги намалувате вашите изгледи за срцев удар.
Оние луѓе кои прават кратки паузи и стануваат од столчето во редовни интервали во текот на денот, па макар и во траење од една минута, имат помали изгледи дека ќе имаат проблем со дебелина или висок крвен притисок.
Исто така луѓето кои го прават тоа значително го намалуваат својот ризик за кардиоваскуларни заболувања.
Краткото оддалечување од столчето е од голема полза
Истражувачите од Универзитетот во Квинсленд во Австралија откриле дека оние луѓе кои стојат на нозе во повеќе кратки периоди во текот на денот - во траење од 2 часа, имаат помал обем на струкот и понизок притисок.
Во студијата биле испитувани 4757 возрасни луѓе, во период од една недела.
Секој учесник во студијата со себе носел направа која го мерела времето кое го поминувале шетајки или трчајки.
На учесниците им биле измерени ширината на струкот, крвниот притисок и Ц-реактивниот протеин - кој често пати е висок кај луѓе со ризик за срцеви заболувања.
Се покажало дека оние кои правеле најчести паузи имале за 4 см потенок струк, од оние кои времето го минувале претежно седејки. Затоа следниот пат направете кратка пауза и протегнете ги нозете, срцето ќе ви биде благодарно.