Дури и благо нарушување на функцијата на тироидната жлезда може да доведе до сериозни компликации во бременоста

бремена жена

Хормоните на тироидната жлезда помеѓу другото го регулираат метаболизмот на материја и енергија во организмот. Недоволното производство на тироидни хормони или хипотироидизам може да предизвика симптоми како умор, чувствителност на студ, констипација, депресија итн.

Нетретираниот хипотироидизам за време на беменоста е поврзан со зголемен ризик од спонтан абортус, прерано раѓање, ниска родилна тежина, намалена интелигенција кај бебето и низа други компликации во бременоста. Претходни студии покажаа дека жени кои страдаат од умерена тиродина дисфункција или субклинички хипотироидизам имаат поголема веројатност дека ќе доживеат компликации, но не беше утврдена големината на ризикот за тие компликации.

Научници од Христијанскиот медицински колеџ и болница во Панџаб, спровеле студија врз 1000 жени, во која покажале дека дури и благата дисфункција на тироидата, кај која ги нема клиничките симптоми на нарушувањето, сериозно го зголемиле ризикот за сериозни проблеми:



Ризикот за спонтан абортус, предвермено раѓање и ниска родилна тежина бил двојно зголемен, а ризикот за мртвораѓање бил дури седум пати поголем.


Состојбата може многу едноставно да биде контролирана со земање на соодветна терапија (заменски хормон), а испитувањето се состои во едноставно земање на крв, по што се врши проверка на тироидните хормони, како и проверка на ТСХ или тирео стимулирачкиот хормон, кој го потикнува производството на тироидните хормони.

Авторот на студијата Проф. Jubbin Jagan Jacob и неговите колеги сугерираат дека испитувањето на функцијата на тироидата треба да стане рутинска процедура во првото тромесечие од бременоста. Тој вели:


Со овие откритија се зголемуваат доказите од преходните студии дека сите бремени жени треба да бидат тестирани за тироидна дисфукција, во првото тромесечие во бременоста.