Пушењето носи четирикратен ризик од вонматерична брменост

 

Некои состојки на цигарите влегуваат во крвниот систем и влијаат врз навидум неповрзани делови од телото, како репродуктивниот систем.

Откриено е дека жените кои пушат имаат зголемен ризик од вонматерична - ектопична бременост.

Вонматеричната бременост се јавува кога оплодената јајце клетка наместо да се вгнезди во матката, се вгнездува во јајцеводот.

Испитување покажа дека жените кои пушат имаат зголемени нивоа на протеинот PROKR1 во јајцеводите. Се смета дека овој протеин го отежнува патот на оплодената јајце клетка до матката, со тоа што ги спречува ѕидовите на јајцеводите да се контрахираат и да ја спроведат јајце клетката до матката .

Научен тим од Универзитетот во Единбург откри дека зад зголеменото ниво на PROKR1 се крие состојка од чадот во цигарите, наречена котинин.

Др. Andrew Horne вели дека сега се обезбедени научни докази, кои им помагаат на научниците да разберат зошто жените кои пушат имаат поголем ризик од вонматерична бременост и како пушењето влијае врз репродуктивните органи.
 

pusenjeto i bremenostaо

Пушењето е штетно и пред бременоста


Ектопичната бременост е опасна состојба, која ако не се третира навреме може да заврши со смрт на жената. Бременоста никогаш не може да се одржи до крај, доаѓа до пукање на јајцеводот и тоа ја намалува нејзината способност за зачнување во иднина.

Во студијата биле проучувани ткива од жени пушачи и жени непушачи, како и жени кои претходно имале вонматерична и нормална бременост. Резултатите покажале дека жените кои пушеле и развиле вонматерична бременост имале двојно поглеми нивоа на PROKR1, во споредба со жените кои не пушеле и имале здрава бременост.

Жените пушачи имале 4 пати поголеми изгледи да развој на вонматерична бременост.