Брзото одење може да ви помогне да ја победите депресијата
Секојдневното вежбање може да биде ефикасно во лекувањето на тешка депресија.
Резултатите од португалска студија во која учествувале 150 депресивни пациенти, покажуваат дека умереното вежбање може да ги подобри симптомите кај оние кои не реагирале добро на лекарствата против депресија.
Учесниците продолжиле да ги земаат своите лекови против депресија, но на едната половина од нив им биле дадени аеробни вежби: 30 до 45-минутна прошетка, пет дена неделно, во текот на 12 недели.
Една минута подалеку од столчето може да го намали ризикот од срцев удар
Ако станете од столчето и отидете да поразговарате со колегите, наместо да им испратите е-маил, ги намалувате вашите изгледи за срцев удар.
Оние луѓе кои прават кратки паузи и стануваат од столчето во редовни интервали во текот на денот, па макар и во траење од една минута, имат помали изгледи дека ќе имаат проблем со дебелина или висок крвен притисок.
Исто така луѓето кои го прават тоа значително го намалуваат својот ризик за кардиоваскуларни заболувања.
Секојдневните прошетки можат да победат над 20 болести
Прошетките од само половина час дневно можат да го намалат ризикот да станете жртва на над 20 болести, вклучувајки деменција и рак.
Секојдневните прошетки можат да донесат огромни позитивни промени во вашето здравје, преку забавување на процесот на влошување на состојбата на телото која се јавува со текот на годините.
Истражувачите анализирајки 40 претходни студии, даваат поприлично смели тврдења за добродетелите на прошетката.
Како да ги направите прошетките попримамливи за детето
Прошетките се многу важни за физичкото и менталното здравје на децата и целото семејство, овозможувајки им прекрасни заеднички моменти. Некои деца сепак не сакаат многу да шетаат, еве неколку совети како да им ја направите прошетката попримамлива:
Шетањето не прави попаметни
Знаеме дека шетањето е добро за нашата линија и за општото здравје, но новите испитувања покажаа дека шетањето не прави и попаметни.
Не е важно дали ќе шетате брзо или бавно, сами одредете си ја брзината која ви е угодна, три прошетки неделно од по 40 минути можат да ја подобрат интелигенцијата.
Научниците тврдат дека умерените прошетки ги подобруваат врските во мозокот, се борат против намалувањето на мозочните функции поврзани со стареењето и го подобруват размислувањето.


