Кршењето на ограчичувањата може да биде знак на водачки способности
Децата чии родители имаат цврст, авторитативен стил на воспитување, а сепак им дозволуваат да ги прекршат правилата и да извлечат поука од тоа, имаат поголеми изгледи дека ќе имаат улога на водачи како возрасни, покажа студија објавена во The Leadership Quarterly.
Истражувачите за целта на студијата користеле податоци од една долгорочна студија на близнаци во Минесота. Тие откриле дека авторитативниот родителски стил кој поставува јасни ограничувања и очекувања, а во исто време им дава подршка на децата, ќе произведе повеќе луѓе со водачко место во нивните заедници покасно во животот. Овие деца помалку се вклучувале во сериозно прекршување на правилата, додека децата кои се препуштале во посериозни прекршоци имале помала веројатност дека ќе станат водачи.
Доброто родителство може подобро да ги подготви децата за да бидат идни водачи, ако се случи децата да ги предизвикаат ограничувањата поставени од нивните родители. Тоа им дава на децата можност да научат зошто се поставени правилата и потоа да научат од своите родители како да ги остварат своите цели без да ги прекршат правилата.
Тоа не значи дека сите деца на авторитативни родители ќе станат водачи, но има поголема веројатност за тоа. Интригира тоа што раното кршење на правилата (претежно од умерен тип) не мора да има негативни последици покасно во животот.
Студијата покажа дека водачи повеќе се ствараат отколку што се раѓаат.
Значи родители, ако вашето дете од време на време прекрши некое правило, можеби се работи за иден водач.