Објаснета поврзаноста на Хламидијата со вонматеричната бременост

Хламидијата е една од најраширените сексуално преносливи болести. Може да се лекува, но најчесто поминува незабележана и без симптоми. Како последица од неа може да се јави неплодност, бидејки може да доведе до оштетување и блокирање на јајцеводите.

Жените кои имале Хламидија имаат највисок ризик за ектопична или вонматерична бременост, заради трајните последици од инфекцијата.


Во случај на вонматерична бременост ембрионот наместо во матката најчесто се вгнездува (имплантира) во јајцеводите.

Новото истражување за прв пат даде објаснување за тоа како Хламидијата ги зголемува шансите за вонматерична бременост и во случаи кога на јајцеводите нема поголеми оштетувања.

Истражувачите открија дека кај жените кои имале Хламидија, има поголема веројатност дека во јајцеводите ќе се прозведе одреден протеин -PROKR2. Зголеменото производство на овој протеин (познат како PROKR2) ги зголемува изгледите дека ембрионот ќе се имплантира во јајцеводите.

Претходна студија пак веќе покажа дека пушењето предизвикува производство на сличен протеин на PROKR2 и со тоа ги зголемува шансите на жените кои пушат за вонматерична бременост.

Designed by Antsin.com