Среќни мајки, среќни деца

Деца се најсреќни кога нивните мајки се среќни. Ова е заклучок на студија која ги проучувала односите помеѓу паровите и односите помеѓу паровите и нивните деца.
Истражувањето покажа дека децата имаат поголема веројатност дека ќе бидат среќни, ако тие знаат дека нивната мајка е среќна
Кога мајките не биле задоволни од нивната врска со партнерот, само 55% од младите изјавиле дека се "целосно среќни" од нивата семејна ситуација, споредено со 73% од децата чии мајки биле задоволни од односот со партнерот. Студијата покажала дека среќата на таткото игра помала улога.
Реаултатите покажале дека најсреќни се децата кои живеат со два родитела, немаат помали браќа или сестри, не се караат често со родителите, кои имаат барем 3 заеднички семејни вечери неделно и чија мајка е среќна од односот со партнерот.
Семејните односи и среќата на родителите, се клучот за среќата на младите луѓе. Спротивно на уверувањето дека децата само сакаат да гледаат ТВ и да играат видео игри, истражувањето покажа дека децата се најсреќни кога имаат интеракција со родителите и браќата или сестрите.
Најсреќни биле децата кои немале помали браќа или сестри, а колку бил поголем нивниот број, толку биле понезадоволни. Сепак односот со родителите бил поважен отколку, односот со браќата или сестрите. Само 28% од децата кои имале почести расправии со родителите од еднаш неделно, изјавиле дека се среќни.
Д-р Марија Јакову, од Институтот за Социјални и Економски истражувања, вели:
"Овие наоди покажуваат дека семејните односи и среќата на родителите се клучни за среќата на младите луѓе."