Татковството може да помогне да се променат лошите навики на мажот

Ова е заклучок на 19-годишна студија. Истражувачите правеле годишна проценка на повеќе од 200 момчиња со ризично однесување на возраст од 12 до 31 година, во студијата се проучувало како се менуваат криминалот, тутунот, алкохолот и користењето на марихуана со текот на времето.

Претходни студии веќе покажаа дека бракот може да го промени негативното однесување на човекот, но досега тие не ги изолираа дополнителните ефекти на татковството.

Студијата е објавена во тековниот број на списанието Journal of Marriage and Family.

Истражувачите исто така откриле дека мажите кои биле понавлезени во нивните 20-ти и раните 30-ти години кога станале татковци, покажале поголемо намалување на криминалот и употребата на алкохол, во споредба со оние кои своето прво дете го добиле во своите тинејџерски или раните 20-ти години.
 


Водачот на студијата и асистент професор по Психологија на Универзитетот во Орегон - David Kerr, вели:

 

Надежно е тоа дека и за постарите и помладите мажи, употребата на тутун има тенденција да се намали по раѓањето на првото дете. Овој вид на промени можат да имаат значајни последици за здравјето на мажите и за нивните семејства.

Ова истражување сугерира дека татковството може да биде трансформациско искуство, дури и за мажите кои се впуштени во високо ризично однесување. Ова претставува уникатен прозорец за можност за интервенција, бидејќи новите татковци можат да бидат особено спремни да слушнат попозитивна порака и да направат промени во однесувањето.