Тинејџерите и алкохолот - исходот многу зависи од родителскиот пристап во воспитувањето

Пристапот во воспитувањето силно и директно влијае врз тинејџерите кога станува збор за тешко пиење, кое се дефинира како пет или повеќе пијалоци по ред. Ова се резултати на студија на Brigham Young Универзитетот, предводена од Проф. Стивен Бар и коавторот Џон Хофман.
Истражувачите анкетирале речиси 5.000 адолесценти на возраст меѓу 12 и 19 години за нивните навики за пиење и нивниот однос со своите родители. Поточно, го испитувале родителското ниво на одговорност - знаењето каде и со кого нивните деца го поминуваат своето време и топлината која тие ја споделуваат со своите деца. Еве ги резултатите:
- Тинејџерите кои бие најмалку склони кон алкохол, имале родители со високо ниво на одговорност и топлина.
- Таканаречените "попустливи" родители - оние со ниска одговорност и високо ниво на топлина, имале речиси троен ризик дека нивните тинејџери ќе учествуваат во тешко пиење.
- "Строгите" родители - со високо ниво на одговорност и ниско ниво на топлината - имале повеќе од удвостручен ризик дека нивните тинејџери ќе се впуштат во тешко пиење на алкохол.
Родителите сепак имаат огромно влијание
Статистичките анализи, исто така покажале дека религиозните тинејџери имале значително помали шанси дека ќе пијат алкохол. Ефектот на религиозноста ги отсликува наодите на студијата, која Бар и Хофман ја спровеле во 2008 г. за употребата на марихуана, од страна на тинејџерите.
Не е изненадувачки, што врсниците на тинејџерите играат важна улога за тоа дали еден тинејџер ќе пие. Но истражувачите напоменуваат дека тинејџерите во оваа нова студија, покажале поголема веројатност дека ќе имаат пријатели кои не пијат, ако нивните родители биле рангирани со високо ниво на топлината и одговорност.
"Периодот на адолесценцијата е еден вид на преоден период и родителите понекогаш имаат потешкотии при поминувањето на нивните деца низ тој период", изјави Бар. "Но иако врсниците се многу важни, не е точно дека родителите немаат влијание."
Хофман ги советува родителите:
"Сфатете дека мора да имате и одговорност и поддршка во вашиот однос со вашиот тинејџер. "Осигурајте се дека не се работи само за контрола на нивното однесување, туку треба да го искомбинирате знаењето како тие го поминуваат своето време кога не се дома со топол однос и љубов."