Слика од милион зборови
Social Buttons
Една слика вреди 1000 зборови, но во случајов се работи за 1 милион зборови, па можеби и повеќе. Ова се три девојчиња кои се борат со рак. Тие не се познавале меѓусебно до фотографирањето, но сега се пријателки.
Фотографијата е направена со цел да се прикаже силата и духот на оние кои се избориле со рак. Три годишната Рајли туку што победила рак на бубрези, во петти стадиум. Шест годишната Ријан има рак на мозокот. Четири годишната Еинсли се бори со леукемија.

Од сликата зрачат таква сила, близина и смиреност. Насловот на сликата гласи: Понекогаш силата доаѓа од спознанието дека не си сам.
Ракот може да биде многу осамена болест и се мине долго време во болница. Но оваа безвременска фотографија, на прекрасните деца, така јасно ја покажува силата и духот на малите борци.
Фотографот Lora Scantling вели: Само сакав нешто што ќе ја покаже силата и поврзаноста и дека не се сами.

