Што би кажале бебињата кога би можеле да зборуваат?

среќно бебе

Бебињата не можат да зборуваат, иако се трудат да комуницираат со сета сила вцрвувајки се од вриштењe. Не секогаш нивните напори да ги разбереме вродуваат со плод, понекогаш е тешко. Еве листа на некои од работите, кои новородените бебиња би ги кажале кога само би можеле да зборуваат.

  1. Овака ќе стојат работите, ќе вриштам секогаш кога ќе ме спуштиш доле. ДРЖИ МЕ!
  2. Сеуште не ја завршив вечерата. Сакам УШТЕ цице!
  3. Ох, пак овој кловн. Еј другарче, супер што те гледам, сега биди така добар и викни ја онаа со цице.
  4. Ја знаеш оваа шега? Наспиј се. Ха, сега нахрани ме, оти ќе вриштам!
  5. Не сакам да се однесувам како филмска ѕвезда или дива, но сега седам во мојата урина. ПРОМЕНИ ми ја пелената!
  6. Мамо, фала ти многу што ми ја промени пелената, навистина го ценам тоа. Сега те молам, можеш повторно да ја смениш, бидејки се искакав во неа?
  7. Те молам престани да ми го мирисаш газето во јавност, имај малку почит.
  8. Хехе, што туку повратив врз твојот грб. Тоа беше вратка за мирисањето на газето.
  9. Што се смееш? Се обидувам да испуштам гасови.
  10. Лелеее МАМООООО! Каде си? Дали се е во ... Ох, тука си. Си била зад перницаата, фала на Бог што си повторно тука, се чувстував толку ... Ох, Боже, МАМОООО? МАМООО? НЕКОЈ НЕКА МИ ПОМОГНЕ, МОЈАТА МАЈКА... Фала Му на Бог што си добро. Чекај малку, зошто се смееш? Ох, најлоша игра на светот.
  11. Мислев дека нема да ме срамиш се додеа не станам тинејџер. Зошто им кажуваш на сите твои пријателки за осипот на моето газе?
  12. ВАУ, тоа беше супер лапачка. Преполн сум. Само сакам да добијам можност да ти заблагодарам за сите лапачки. Навистина ги ценам и знам дека мора да е тешко и мислам дека ... ОК, повторно сум прегладнет, нахрани ме сега. СЕГА!
  13. Хахаха, многу смешно. Извини, веројатно требаше да те предупредам дека цицето ти е надвор пред да му ја отвориш вратата на поштарот.
  14. Дали е тоа ѕвончето? Доаѓаат посетители за да ми посакаат добродојде во светов? Супер, сега е време за хранење, извади го цицето ВЕДНАШ!
  15. Жал ми е, се искакав во твоето корито спремно за капење.
  16. Келнер! Дај уште МЛЕКО!
  17. Ако сакаш да знаеш дали сум искакан, само прашај ме. Нема потреба да го ставаш прстот во мојата пелена за да провериш. Ах, извини и за каката под твојот нокт.
  18. Скокањето е забавно. Извини што повратив во твојата уста.
  19. Ајде сега доста муабети, извади го цицето!