Сакав да го абортирам Кристијано Роналдо
Social Buttons
Мајката на познатиот фудбалер Cristiano Ronaldo, Dolores Aveiro, во својата биографија, која денес излезе од печат, признава дека сакала да ја прекине бременоста и да абортира.
Таа вели дека се обидела да и стави крај на бременоста со пиење на топла вода и трчање додека не паднела. За среќа нејзиниот план не успеал.

За среќа планот за абортус пропаднал
Долорес вели дека нејзиниот син знаел за нејзината тајна, но дека сега на тоа се осврнуваат со хумор. Според весникот Independent, Долорес изјавила дека Кристијано и рекол:
Гледај мамо, ти сакаше да ме абортираш, а сега јас сум оној кој ги влече конците на новчаникот во домот.
Долорес сега му помага на Кристијано во одгледувањето на неговиот тригодишен син.





