Се родилa помала од четка за заби, сега полни една година
Social Buttons
Бебето Нова Џонсон се родило со тежина од 450 гр и било помало од четка за заби. Лекарите и дале само 10% шанси дека ќе преживее. Но, се случило ЧУДО! Таа целосно закрепнала и го прославува првиот роденден.
Кога мајката (45г.) за време на бременоста добила прееклампсија (тешка компликација во бременоста, која се карактеризира со висок притисок и присуство на протеини во урината) и морала да биде итно породена со царски рез во 27 недела.
Мајата вели: Беше апсолутно малечка. Беше апсурдно. Сестрите ни рекоа дека таа е најмалото бебе што тие некогаш виделе да се роди во 27- ма недела.
Сознанието дека нашата ќерка беше толку малечка и толку болна, што не можевме да ја видиме до другиот ден беше ужасно.
Нова била толку ситна што венчалниот прстен на татко и можел да се спровне на нејзиното стопало, се до бедрата. Ако до неа ставеле четка за заби се гледало дека таа е помала, од четката.
Лекарите и предложиле на мајката да ја фотографира Нова, затоа што имало шанси да не преживе. Таа одбила, инсистирајки дека Нова ќе закрепне.
Кога наполнила 2 месеци Нова имала операција на срце и конечно била подолга од четка за заби:

Нова на 2 месеци - веќе е подолга од четка за заби
Таа одлично напредува и сите редовни испитувања досега се во ред.
После 101 ден во болница, конечно им се придружила на нејзините сестри во својот дом.
Мајката понатаму објаснува:
Сите се надеваа и се молеа се да биде во ред, но јас знаев дека таа беше мал борец и дека ќе успее.
Сега таа е толку насмеано и кротко бебе, толку многу се смее. Секогаш им се смее на нејзините сестри.
Не знаев како ќе поминеме низ сето ова, така да фактот дека таа е потполно совршена е чудесен.





