Куче скитник спасило напуштено новороденче

Куче скитник од Саудиска Арабија сега го носи прекарот: Ангел пратен од Небото, откако му го спасило животот на напуштено новороденче.

Кучето барајки храна на ѓубриште го нашло новроденчето. Внимателно го подигнало бебето во уста и го донело до најблиската куќа, каде го предало во човечки раце. Кучето стоело со бебето во уста како да велело: Ве молам, помогнете му!

Луѓето на кои умното куче им го оставило бебето веднаш го однеле во најблиската болница. Лекарите утврдиле дека бебето е во добра здравствена сосојба, а нежното куче со голема душа не му нанело никаква повреда.

Локалното население сеуште не може да се изначуди како мајката била спремна да го остави бебето на ѓубриште само неколку минути по раѓањето.

Малото момче е живо благодарение на бездомното куче, а полицијата трага по мајката.