Луѓето не можат да веруваат дека се тројка

тројка

Братчето Џорџ е дел од тројка, но стасало на свет 3 години пред сестричката Лајла и братот Ное. Сите тие биле зачнати со помош на ин витро во исто време.

Нината мајка го оставила проширувањето на семејството до нејзината 40-та година, но тогаш се испоставило дека зачнувањето не оди така лесно. После 2 ин витро процедури бил роден Џорџ, а три години подоцна и нејовото братче и сестриче - кога мајката веќе имала 45 г.

Таа вели дека кога им кажува на луѓето дека сите нејзини деца се зачнати во исто време тие не можат да поверуваат.

Првото ин витро не било успешно, но во второто се оплодиле 5 ембриони. На Сара и вратиле 2, а три биле замрзнати. Од двата вратени ембриони едниот успешно се имплантирал и се родил Џорџ. Од замрзнатите ембриони пак вратиле 2 во матката на Сара, но после подолго време.

Сара вели дека била пресреќна што е мајка на Џорџ, но таа очајно сакала тој да има братче или сестриче.

 

мајката со бебињата


Бременоста со близнаците поминала без никакви компликации, а Сара вели дека била пресреќна кога ги земала близнаците во прегратка и кога конечно ја имала својата тројка. Таа вели:


Ноа има ист лик како Џорџ, но нивните личнсоти многу се разликуваат. Џорџ никогаш не спиеше во текот на ноќта, но Ноа е поопуштен.

Сега уживам во мојата тројка. Да имаш три мали бебиња бара многу труд, но се вреди за да бидеш мама.