Бебе доживеало 'мозочна смрт', го исклучиле од апарати, на изненадување на сите продолжило да дише и закрепнало
Кога имал само три недели Harrison Ellmer, кој сега има 3 години добил менингитис. Лекарите очајно се обидувале да му го спасат животот, но ситуацијата не била воопшто надежна и тие им соопштиле на родителите дека нема да преживее.
Скршените родители сакале да му обезбедат мирно да почине, ги исклучиле машините за подршка и се збогувале од малото бебе. Но тогаш се случило чудо, Харисон продолжил да дише. Тој не само што преживеал, туку ги вчудоневидел лекарите со неговиот напредок. Тие им кажале на родителите дека заради недостатокот на мозочна активност Харисон нема да може да оди, да зборува или самиот да се храни.
Сега тој има 3 години и прави се она што е нормално за едно дете на негова возраст. Иако е глув на едното уво и има блага церебрална парализа на десната страна тој се развива сосема нормално. Неговата мајка вели:
Сеуште самите не можеме да веруваме кога го гледаме како оди и зборува.
Кога ги исклучија машините никогаш не помисливме дека ќе продолжи да дише.
Бевме толку скршени кога ни кажаа дека нема да преживее, ова ни беше како вистинско чудо.
И покрај тоа што преживеа, лекарите рекоа дека нема да може да оди или зборува.
Бевме преплашени, но благодарни што преживеа и го живеевме секој ден за себе.
Снимките на мозокот покажуваа целосна смрт на мозкот, но ние секогаш се надевавме дека тој ќе ги победи шансите.
И чудесно тој го направи тоа, сеуште не можеме да поверуваме кога го гледаме како оди и зборува.
Ги постигнува сите работи како и другите деца на негова возраст.
Кога имал само три недели Харисон после немирна ноќ престанал да реагира, родителите се јавиле во брза помош и итно бил пренесен во болницата во Ротердам. Веднаш им кажале дека состојбата е тешка, а лумбалната пункција покажала дека се работи за менингитис.
Мајката вели:
Кога сега го гледаме како трча наоколу, вози велосипед и чита книги, прекрасно е.
Харисон е полн со живот и не можеме да поверуваме колку сме среќни што го имаме.
Харисон наскоро ќе добие братче и е пресреќен што ќе биде батко.