Писмо од едно новороденче
Драги мамо и тато
Без разлика што и да се случи помеѓу нас, да знете дека за време на моето детство јас ќе ве сакам безусловно.
Вие сте моите водачи, мојата подршка, моите животни сидра... затоа, што и да стане од мене, тоа многу зависи од нашето поминато време заедно.
Од вас ќе научам што е љубов. Ќе научам да бидам самоуверен или срамежлив, дарежлив или себичен, милостив или суров. Ќе научам што е правилно, а што е погрешно, кого треба да го почитувам и дали треба да се почитувам себе си и да се љубам самиот.
Дојдов во овој свет, под вашата нежна грижа, како чист сунѓер. Ќе го впијам секој поглед, секој допир, секоја мисла, секој збор, секое чувство и тоа ќе ме обликува во личноста која ќе станам.
Затоа, во дните, неделите, месеците и годините кои идат, запомнете дека секој допир, мисла, збор, чувство и поглед јас ќе го апсорбирам.
Ако се однесувате кон мене со љубов, грижа, почит, толеранција, простување, разбирање и кога ќе направам нешто погрешно, тогаш ќе пораснам во добра, внимателна, самоуверена, љубезна, одговорна личност.
Но, ако ме третирате со нетолеранција, негрижа, грубост, зборови на гнев и занемарување
... ќе бидам тажен и ќе научам да го правам истото.
Со искрена љубов
Вашето бебе